Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ: Филипче нема поддршка – сите членови од СДСМ се прелаваат кај нас

    ЗНАМ: Филипче нема поддршка – сите членови од СДСМ се прелаваат кај нас

    09.01.2026 во 16:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Движење ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост ја следи реториката и однесувањето на Венко Филипче. Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на партиската фотелја. Жалиме што некогашната државотворна партија, наместо да делува како силна, конструктивна и иницијативна опозиција која предлага решенија и води суштински дебати за иднината на државата, се служи со вулгарен и уличен вокабулар, оддалечувајќи се од вистинскиот политички дијалог, реагираат попладнево од ЗНАМ по денешниот брифинг на Венко Филипче.

    Ваквото однесување и реторика на Филипче и СДСМ, предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон Движење ЗНАМ – луѓе кои сакаат конструктивен, реформски и државнички пристап. Токму поради овој трансфер и растечкото разочарување, Филипче и раководството на СДСМ се во параноја, обидувајќи се да го одржат партискиот штит и личната фотелја. Прашањето кое се наметнува е – дали ваквиот настап на Филипче е само најава за пат кон Дубаи со златни визи, каде личните интереси се пред државните? Т

    ој впрочем одбива да учествува во разговор за клучни државни интереси и реформските закони кои се дел од агендата за европски интеграции. Ова е јасна порака дека неговиот приоритет не е напредокот на државата, туку зачувувањето на лични и партиски позиции. Тема на лидерската средба е токму она што ја носи Македонија напред – реформи во правосудството, реформите за јавното обвинителство, унапредување на безбедноста и слободата на изразување. Сето тоа е дел од реформската агенда за ЕУ, која има за цел економски раст и стабилност на државата. Венко Филипче, за жал, не е научен на ваков дијалог кога станува збор за државата. Тој и некогашното владино раководство предводено од СДСМ не ги дискутираа суштинските теми за иднината на Македонија на овој начин – Преспанскиот договор или францускиот предлог не беа предмет на лидерска средба. Одлуките се носеа зад затворени врати, без јавен дебатен простор, без грижа за суверенитетот, без почит кон граѓаните – како државата да беше нивна лична сопственост, а не татковина за сите Македонци. Филипче е заштитен од систем кој го штити од одговорност за минатите криминали: провизии од модуларни болници, тендери за јаглен за ЕСМ со лични подароци, вакцини купувани по двојно високи цени, и трагедијата во Тетово со 14 живи изгорени луѓе. Сите тие случаи се дел од мрежа на партиска корупција која го штитела, додека тој молчел и го штител својот партиски круг. За разлика од тој систем, сегашната Влада ја води државата кон стабилност и европска интеграција. Ниту еден корупциски скандал, ниту еден криминален тендер, ниту еден скандал не ја наруши довербата на граѓаните.

    Аферите на минатата власт – Рашковски, Ковачевски, Мухамед Зеќири, бегалецот Груби и нивните соработници – се трајно сведоштво за владеење кое ја постави Македонија во стагнација и пропаст. Филипче мора да излезе од мафијашкиот филм и од обвинувањата за „српскиот свет“ – крајно време е да го остави партискиот мит зад себе и да почне да гледа реално на државата. Движење ЗНАМ за Наша Македонија го повикува да престане да ја блокира реформската и европската агенда и да се посвети на вистинските интереси на државата и граѓаните, наместо на фотељата и на партиските штитови. Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, кои градат консензус за реформите и за европската иднина, а не лични или партиски позиции, велат од ЗНАМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.