Author: Author 03

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните утрински температури ќе се движат од –13 до –5 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од –4 до 3 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во претпладневните часови во делови од котлината повремено засилен ветер…

Повеќе

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Повеќе

Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж за попречување на текот на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, станува збор за шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој бил приведен и однесен на распит поради сомнежи дека се обидел да ја попречи истрагата поврзана со оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“. Истражители од елитната полициска единица за тешки кривични дела „Лахав 433“ утрово извршиле претрес во домот на Браверман, по што тој бил приведен и однесен на испрашување во седиштето на единицата во градот Лод, под…

Повеќе

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, Грција, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните. Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и на вратот. Таа била свесна и со брза помош била пренесена во болницата „Папаниколау“.

Повеќе

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, до 11 часот гласале 3.553 избирачи, што претставува 3,32 проценти од вкупно 128.286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК). Според објавените податоци, највисока излезност е регистрирана во општина Маврово и Ростуше, каде правото на глас го искористиле 624 граѓани, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи. Во Гостивар до 11 часот гласале 1.937 избирачи, што е 3,14 проценти. Во Врапчиште гласале 834 граѓани, односно 3,02 проценти, додека во Центар Жупа гласале 168 избирачи, што претставува 2,22 проценти од…

Повеќе

За време на неодамнешниот настап на нејзината резиденција во Лас Вегас, Џенифер Лопес ѝ кажа на публиката што бара во својата следна врска и партнер. Додека ја изведуваше својата песна „If You Had My Love“ од 1999 година, пејачката, која се разведе од Бен Афлек во јануари 2025 година, размислуваше за самата песна и кажа што посакува во љубовта. „Кога првпат ја испеав, бев многу млада. Бев како мало бебе во шумата и ја пеев со многу надеж. Сепак, ја пеев и низ годините. Ја пеев кога бев тажна и ја пеев кога бев среќна. Но, сега, денес, знаете ли…

Повеќе

Првата млада месечина во Новата 2026 година нè очекува на 18 јануари во знакот на Јарец и е симбол на нов почеток. Младата месечина во Јарец носи нов почеток за Јарците, Девиците и Биковите. Сезоната на Водолија се приближува, па тензиите ќе почнат да се намалуваат. ОВЕН Работа – Ве очекува динамична недела на работа , ќе има многу обврски, но и можност да се докажете пред претпоставените. Љубов – Работата ви одзема многу време, но обидете се да најдете простор и за вашиот партнер. Не ги оптоварувајте блиските луѓе со деловни проблеми. Здравје – Послабо. БИК Бизнис – Во…

Повеќе

На 10.01.2026 во 22.15 часот во СВР Битола, Д.Ј. (26) од Битола пријавил дека на ул. „Цветан Димов“ во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 11.01.2026 во 05.35 часот во СВР Битола, Д.Д.(21) од Општина Могила пријавил дека пред ноќен клуб лоциран на ул. „Партизанска” во Битола бил физички нападнат од неколку лица по што му биле нанесени повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава. Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ интервенира во населбата Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај селото Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево, а за состојбата постапуваат Регионалниот центар за управување…

Повеќе

Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа, соопштија од МВР. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите…

Повеќе