Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01

    Апсење на Блаце – МВР со детали

    10.06.2026 во 10:00

    За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми

    10.06.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

    Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

    11.01.2026 во 11:013 Mins Read
    CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 75
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава.

    Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ интервенира во населбата Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај селото Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево, а за состојбата постапуваат Регионалниот центар за управување со кризи и Општина Демир Хисар.

    Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини. Нивото на Голема Река е зголемено, а јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и механизација за испумпување и расчистување. Територијалната противпожарна единица Ресен учествува во испумпување вода од подрумски простории.

    Од ЦУК нагласуваат дека во Крушево водата за пиење е заматена и се препорачува нејзино превривање. Реката Црна има зголемено, но стабилно ниво. ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите, а се следи состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани. На подрачјето во општина Долнени, во селото Лажани е пријавена штета во двор и приземни простории, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна механизација.

    Во Охрид, реката Сушица е излеана на повеќе локации, при што се поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде се вршат заштитни мерки со механизација. Евидентирано е и свлечиште на патниот потег Лескоец – Скребатно.

    Во Струга поплавени се дворови и куќи на Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација. Општина Струга е известена за состојбата.

    Во Дебар, реката Радика има зголемено, но стабилно ниво. Патните правци се проодни, а надлежните служби расчистуваат помали одрони.

    Во Кичево, пак, реките Зајашка и Треска имаат зголемени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата „Прилепска“. Се расчистуваат каналите и коритото на Зајашка Река со градежна и тешка механизација. Околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од Општината и Црвениот крст на Кичево.

    На патниот правец Тумчевиште – Чегране, во реонот на Гостивар и Тетово, има вода на коловозот и патот е оценет како небезбеден. Известени се полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар.

    ЦУК информира дека во останатите региони состојбата е стабилна, со зголемени водостои, но без излевања и поголеми нарушувања.

    Прочитај повеќе

    Апсење на Блаце – МВР со детали

    10.06.2026 во 10:00

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.