Author: Author 03

ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност, посочи Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните ширум државата. Во…

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани доставија нови информации за фирмата за која веќе еднаш говоревме и кои денеска ќе ги објавиме. Стаува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрчковски од ИО на СДСМ. Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски…

Повеќе

Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влезе во бизнис-сферата и стана сопственик на приватна компанија, објави „Фактор“. Според податоците од Централниот регистар, Бучковски од крајот на минатата година е единствен сопственик на друштвото „Хербос ДООЕЛ Скопје“, компанија која е основана на почетокот на 2025 година. Фирмата е регистрирана за трговија на големо со пијалаци, а како управител е наведена Елисавета Коваческа Коруноска. Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, кој изјавил дека неговото деловно ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој засега не открил повеќе детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време…

Повеќе

Со инвестиција речиси 30 милиони евра се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница. Сподели дека инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски.

Повеќе

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, упати силен апел до граѓаните на Иран да истраат во своите протести, и покрај суровата репресија од страна на режимот во Техеран. Повикот доаѓа во време кога демонстрантите низ Иран се соочуваат со ограничувања на комуникациите и блокада на интернет, додека безбедносните сили применуваат сила против учесниците во протестите. Мецола преку социјалната мрежа „Икс“ им се обрати на демонстрантите: – „До тие храбри девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваш момент“, напиша таа, нагласувајќи дека режимот кој ги блокира комуникациите всушност покажува дека се плаши од сопствениот народ. Таа ги повика…

Повеќе

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки…

Повеќе

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија. Инцидентот се случил вчера, а според изјавата на бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, веднаш била покрената истрага. Тој за бугарските медиуми изјави дека Софија е во постојан контакт со македонските надлежни органи, кои информирале дека работат на расветлување на случајот. Засега нема официјална потврда дали сторителот е идентификуван или приведен. „Немаме конкретни информации до каде е истрагата, но уверени сме дека таа се спроведува“, изјави Радуко.

Повеќе

Регионот утрово се разбуди под нулата, со снег, мраз и исклучително ниски температури. Нови врнежи нема, а сонцето кое се појави на повеќето места не донесе значително затоплување, туку само дополнително чувство на студ. Надлежните служби и авто-мото здруженијата ги предупредуваат возачите дека на сите влажни коловози постои опасност од појава на невидлив мраз. Дополнителна закана претставуваат лизгањето на земјиштето и мразулците, особено во планинските и руралните подрачја. Во Босна и Херцеговина утрово нема задржувања подолги од 30 минути на граничните премини. Исклучок е граничниот премин Изачиќ кон Хрватска, кој е затворен за камиони со приколки. Најниската утринска температура измерена…

Повеќе

ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените. Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа. Овие избори јасно докажаа дека Албанците зборуваа со ЕДЕН ГЛАС. Десетте освоени општини се неоспорен доказ дека ВЛЕН е политичката локомотива на Албанците, силата што води, обединува и носи долгоочекувана промена на локално ниво. ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно,…

Повеќе

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Данска се наоѓа во „судбоносен момент“, по пораките на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да преземат дејствија во врска со Гренланд, дури и без согласност на Копенхаген и гренландските власти, пренесува „Гардијан“. Обраќајќи се на политички собир во неделата, Фредериксен порача дека земјата се наоѓа на раскрсница и дека во прашање е самата суштина на сојузништвото во НАТО. Таа оцени дека проблемот не е само статусот на Гренланд, туку и пораката што ја испраќаат Соединетите Американски Држави доколку се закануваат на сопствен сојузник. Според неа, доколку ваквото однесување претставува свртување грб…

Повеќе