- Божиновска на „IFC Day“: Енергетската транзиција нуди можност за економски раст и нови инвестиции
- Филипче од Ваташа: Политиките на омраза и поделба водат единствено до трагедии
- Доаѓа едно од најжешките лета во Македонија, во јули пик на температурите
- Мицксоки: Се отвораат до 500 нови работни места, автомобилски гигант го сели целокупното производство од Турција и Словачка во ТИРЗ Тетово
- Мицкоски по бизнис форумот во Истанбул: Очекувам неколку десетици турски инвестиции да се операционализираат во Македонија
- Тошковски: Го зајакнуваме присуството на полицијата околу училиштата, воведуваме и нови мерки против сајбер-булинг
- Нова инвестиција од 21 милион евра во ТИРЗ Тетово: „CAVO Otomotiv“ отвора 550 работни места
- Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите: Се воведуваат и казни за родителите
Author: Author 03
Нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни, реагира денеска Анима Мунди. Истовремено алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото. Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња – животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел…
Спикерот Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу изборот на Народниот правобранител и да се најде решение. -Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка околу тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набрзо ќе дојдеме до решение. Никој не го оспорува името на кандидатот за Народен правобранител. Јас мислам дека ако почнеме нова процедура, уште толку ќе трае и нема никаква гаранција на крај…
Вчера (11.01.2026) во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор-Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот при извршен претрес на пакет кој бил наменет за осудено лице А.Н.(39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на ноќта и денот меѓу 11 и 12 јануари 2026 година, на подрачјето на Скопје биле пријавени повеќе одделни инциденти, за кои се преземаат мерки за нивно целосно расчистување. Од МВР соопштија дека на 12 јануари 2026 година во 01:26 часот во СВР Скопје било пријавено оти околу 01:05 часот, на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот се обиделе да одземат пари. Според пријавата, обидот за грабеж не бил успешен, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителите и на сите околности поврзани со настанот.
На 11.01.2026 во 06:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во напуштена куќа, сопственост на С.В.Ѓ.(55) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид, соопшти МВР.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека е поборник на редовни избори и дека завршувањето на мандатите е клучно за стабилноста на државата. Тој додаде дека формирањето технички влади за предвремени избори не е угледно, особено за земја членка на НАТО, и дека последните изборни процеси се одвивале редовно и без проблеми.На денешниот брифинг со новинарите, Гаши истакна дека редовното носење на закони и завршувањето на мандатите се основа за политичка и економска стабилност. „Јас сум поборник на идејата на редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни фали политичка и економска стабилност. Ако…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг. Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат, објави Муцунски. На средбата изразивме заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес. Муцунски потенцира дека размениле мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдивме заедничката посветеност…
На денешната 80. седница на Собранието, врз основа на предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и известувањето од Државната изборна комисија (ДИК), беше верификуван мандатот на новиот пратеник Зекирја Таири од ВРЕДИ. Таири доаѓа на местото на Беким Сали, кој беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања. На почетокот на седницата, по предлог на група пратеници, беа повлечени предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одреди пауза до 12:30 часот, по која седницата ќе продолжи со работата…
Претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски, изрази уверување дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова избрала вистински професионалци за членови на Судскиот совет, кои ќе придонесат за неговото работење. Одговарајќи на новинарско прашање за предложените кандидати кои треба да влезат во собраниска процедура, Камбовски посочи дека имињата ги дознале од медиумите, но дека нема сомнеж во изборот на претседателката. – Кандидатите на претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. Претседателката е, пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет. Секако, доколку ја добијат…
