Author: Author 03

Украинскиот парламент не успеа да го именува Михаило Федоров за нов министер за одбрана, откако неговата кандидатура не доби доволна поддршка од пратениците, јави германската новинска агенција ДПА. Федоров, кој има 34 години, досега ја предводеше Министерството за дигитализација, формирано во 2019 година. Кандидатурата на Федоров беше предложена од претседателот Володимир Зеленски и, согласно уставот, мора да биде потврдена од парламентот. Доколку беше избран, тој ќе станеше четврти министер за одбрана од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Ново гласање се очекува утре. Во меѓувреме, не беше потврдена ниту кандидатурата на поранешниот министер за одбрана Денис…

Повеќе

Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација.  Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада, реагираат попладнево од СДСМ. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството. Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада,…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат. Ирански патриоти продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта доаѓа. MIGA (Направете го Иран повторно голем). Претседател Доналд Џ. Трамп, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social. Претходно денеска двајца неименувани извори од Министерството за одбрана на САД изјавија дека Трамп е запознаен со широкиот спектар на воени…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина. Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право. Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во…

Повеќе

Денеска, 12 јануари (понеделник), министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на обележјето кај Катлановско Блаце положија венец со свежо цвеќе во спомен на единаесетмината припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години ги загубија своите животи, враќајќи се од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Министерот Мисајловски по овој повод порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат заборавени бидејќи со своите дела покажале како се сака државата и како се сака татковината. На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце почит на загинатите припадници оддадоа членовите на семејствата, како и…

Повеќе

Венецуелската влада денеска соопшти дека ќе ослободи уште 116 политички затвореници, во рамки на ветувањето дадено под притисок од Соединетите Американски Држави, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.Одлуката доаѓа во услови на растечко незадоволство кај семејствата на притворените, кои со денови очекуваат реализација на најавеното ослободување, објавија француските медиуми. Министерот за затвори Хулио Гарсија изјави дека мерката се однесува на лица обвинети за дела поврзани со нарушување на уставниот поредок и државната стабилност. – Овие мерки им користеа на лицата лишени од слобода поради кршење на уставниот поредок и стабилноста на земјата, рече Гарсија. Сепак, податоците од невладините организации не…

Повеќе

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта. Недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја…

Повеќе

Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници. -Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на изложеноста на ризици по здравјето на вработените во здравствениот систем, притоа истовремено засилувајќи ја и сигурноста кај пациентите. Со овие количини ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници, со три дози вакцина по лице. Вакцинацијата ќе се…

Повеќе

Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори и сродни организации. На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со можностите за организирање заеднички активности во делот на извозната и инвестиционата промоција на бизнис-компаниите кои се членки на…

Повеќе