Author: Author 03

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е и актуелен заменик претседател на Владата и министер за транспорт, вели дека утрешната лидерска средба е доброволен чин и дека е иницирана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да се разговара за најкрупните прашања кои во моментот се во политичкиот фокус на државата. – Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од било какви преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се…

Повеќе

Меѓународната јавност е шокирана од извештаите за масовно насилство во Иран, каде бројот на жртвите во антивладините протести, според различни проценки, се движи од неколку илјади до десетици илјади. Американската телевизиска мрежа CBS објави дека најмалку 12.000 лица загинале, со можност бројката да достигне и до 20.000, повикувајќи се на извори од самата земја. Податоците значително се разликуваат поради строгата контрола и блокадата на информации од страна на иранските власти. Каналот Iran International тврди дека само на 8 и 9 јануари животот го загубиле околу 12.000 лица. Од друга страна, организацијата за човекови права HRANA наведува најмалку 2.000 загинати и…

Повеќе

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, која ја водат републиканците во Претставничкиот дом. Двојката оценува дека истрагата е политички мотивирана и насочена кон партиски поени. Во писмо испратено до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор, Клинтонови наведуваат дека „секој човек мора да одлучи кога му е доста“, додавајќи дека за нив „тој момент дојде сега“. Комер реагираше со закана дека ќе побара Бил и Хилари Клинтон да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот доколку не…

Повеќе

Од ДУИ потврдија дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика Мицкоски. Но, без детали каков ќе биде ставот на Ахмети за техничката влада. Пратеничката Зендели кажа дека останува до утре Ахмети да размисли каков став ќе даде. За ставот за укинување на техничка влада, тоа останува ексклузивно право на претседателот да одлучи, кажа Зендели.

Повеќе

Министерството за финансии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата еврообврзница, со што државата обезбеди вкупно една милијарда евра преку две транши. Станува збор за обврзници со рок на достасување од 4 и 8 години, во износ од по 500 милиони евра. Од Министерството истакнуваат дека успешното пласирање на осумгодишна еврообврзница претставува силен сигнал за довербата на инвеститорите во економските политики и реформските планови на Владата. „Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од…

Повеќе

Граѓанско-научната космичка агенција на Македонија (ГНКА) официјално поднесе Предлог за измени и дополнувања на Националната стратегија за образование 2026–2032 до Министерството за образование и наука, Владата, Собранието и Претседателот на Р. Македонија. По спроведена стручна анализа, Експертската работна група утврди дека Националната стратегија за образование 2026–2032 не го опфаќа космосот, космичкото образование, космичките науки, вселенските истражувања, космичките апликации или иновации. Овој стратешки пропуст е сериозен, имајќи предвид дека космичките науки и технологии денес се клучна основа на современото образование, научниот развој, научниот суверенитет, дигиталната трансформација и зелената транзиција, како и составен дел од меѓународните образовни политики. Дополнително, се создава структурен…

Повеќе

Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Фокусот на…

Повеќе

„Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата Со одлука на Владата на Мицкоски, Алта банка го купи и пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот на Сашо Мијалков. Случајно? Премногу случајности излегоа во врска со Алта банка, блиска до СНС. Цела структура на ВМРО е поврзана со Алта банка“, велат од СДСМ. За Член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Случајно? Во Надзорниот одбор е Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски. Случајно? Во…

Повеќе

Неколку четириножни роботи за првпат беа вклучени во воена вежба на Првата воздушно-десантна бригада на Јапонските копнени сили за самоодбрана, одржана викендов на полигонот Нарашино. Ова е првпат единицата да интегрира самоуправувачки копнени возила во својата традиционална новогодишна вежба, што претставува значаен чекор кон модернизација на јапонските вооружени сили. Беспилотното копнено возило, познато како „Визија 60“ (Vision 60), е развиено од американската компанија „Гоуст роботикс“ (Ghost Robotics). Роботите се дизајнирани за извидување и поддршка на трупите во сложени теренски услови, пренесува порталот „Кликс“. Во вежбата учествуваа околу 2.100 војници и офицери од 14 земји, меѓу кои САД и Австралија, објави…

Повеќе

Легендарниот шпански пејач Хулио Иглесијас се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад врз две жени во 2021 година, објавија шпанските медиуми. Според наводите, инцидентите се случиле додека жените биле вработени во неговите луксузни вили на Карибите, а помладата од нив тогаш имала 22 години. Една од жените, која работела како домашна помошничка, тврди дека била изложена на физичко и вербално насилство, вклучувајќи и шлаканици. Втората тужителка, физиотерапевтка, наведува дека била сексуално вознемирувана, понижувана и контролирана во работна средина што, како што тврди, создавала чувство на страв и потчинетост. Наводните напади се случиле во резиденциите на Иглесијас во Пунта Кана,…

Повеќе