Author: Author 03

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно повикува на протест поради континуираното загадување и институционалното молчење. Иницијативата најави граѓанска блокада во среда, на 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во правец кон Усје. „Затоа што воздухот нема да се исчисти сам! Дојди на блокада!“, велат од граѓанската иницијатива. Вакви блокади и протести се организираа и минатата година, а граѓаните имаат една цел – да се престане со континуираното загадување и труење на жителите на Скопје предизвикано од Цементарниц Усје.

Повеќе

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓани од 75 земји, соопштија денеска американски медиуми. На листата на овие земји е и Македонија. Според документот, американските амбасади и конзулати ќе одбиваат барања за имигрантски визи додека Стејт департментот ја прегледува и ревидира својата процедура за скрининг и проценка на апликантите. Во списокот на погодени земји се најдоа, меѓу другите, Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија, Египет, Тајланд и Јемен. Престанокот на обработката на визи треба да започне на 21 јануари 2026 година и ќе важи додека трае ревизијата на процедурите. Причината што е…

Повеќе

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД. Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнери кои се коавтори на текстот за Пржинска влада – ЕУ и САД, рече Ахмети. Во врска со измените во Изборниот законик, Ахмети потенцира дека…

Повеќе

На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму исто така како што најавивме ќе следи проектот мигранти за пари. Предупредивме дека има огромна дупка во Буџетот. Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра. Доспеани и неподмирени обврски кон економски субјекти 700 милиони евра,…

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на новите градоначалници во четири општини. За градоначалници беа потврдени Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Националната алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалицијата „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кои ќе раководат со општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа. Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, изјави дека Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат согласно Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 11 јануари. Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место во Гостивар каде што…

Повеќе

На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски. Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење. Во рамки на средбата беа отворени повеќе суштински теми, по кои Движењето ЗНАМ ги изнесе своите јасни и принципиелни ставови. Во однос на Законот за Влада…

Повеќе

Доколку има консензус веднаш ќе се укине пржинската власа, а ако СДСМ не се согласува со тоа, техничката влада ќе се укине после следните редовни парламентарни избори, рече денеска Биљал Касами по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците. Во врска со Изборниот законик, Касами рече дека како претставник на коалицијата Вреди се заложил да се овозможи гласање на дијаспората, затоа што се важен чинител и економски многу придонесуваат за земјата. Се отвори тема околу изборните единици, дали да биде една, 3, 8 или да останат 6 како досега. Како и да се одлучи во врска со ова, ние…

Повеќе

Дознајте кои 3 хороскопски знаци ќе ги претворат своите животи во луксуз до крајот на неделата. Судбината конечно им враќа! Уморни сте од постојано собирање и одземање, додека другите се чини дека го поминуваат животот со леснотија. Во моментов ќе почувствувате олеснување бидејќи енергијата на универзумот се менува во ваша корист. Ѕвездите се порамнија на начин што не остава простор за случајности – доаѓа времето на исплата за целиот ваш труд. До крајот на оваа недела, три хороскопски знаци ќе доживеат трансформација што се случува еднаш во деценијата. Ако припаѓате на еден од нив, подгответе се, бидејќи вашето секојдневие може…

Повеќе

Утре во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе бидат ниски, особено во западните и источните делови, каде ќе се спуштаат и до -10 степени, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени. Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до околу -6 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе се задржи стабилно и суво време, со услови за појава на утринска магла по котлините.…

Повеќе

Секој ја сака енергијата на новиот почеток што го носи првиот месец од годината – визиите, плановите и водењето дневник нè исполнуваат со надеж. Сепак, статистиката е сурова и покажува дека дури 80% од новогодишните одлуки не успеваат. Сепак, постојат одредени начини што ќе ви помогнат да истраете во сите ваши одлуки. Elle претставува три клучни чекори за да останете доследни во 2026 година. Дефинирајте го „зоштото“ Површните цели како „Ќе одам во теретана“ брзо бледнеат. Треба да ја дефинирате причината: Дали вежбате за да станете посилни, за здравје или за да се чувствувате посигурни? Кога мотивацијата ќе се намали…

Повеќе