- САД и ЕУ потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за ретки минерали
- Каков викенд ги очекува Вагите?
- Трамп не застанува: Претседателот со нови санкции го зголемува притисокот врз Кина
- Притвор за Македонец, кој како лажен хирург во Белград правел измами
- Ѓорѓиевски: Официјално отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уплашен и нервозен
- Овој хороскопски знак тешко прифаќа критики
- Инфлуенсерка прегазена пред ноќен клуб во Лондон
Author: Author 03
Дали косата ви се проретчува, ноктите ви пукаат, а непцата ви крварат? Не ги игнорирајте сигналите – вашето тело можеби бара хранливи материи. Во нашиот современ, брз начин на живот, лесно е да се игнорираат суптилните сигнали што ни ги испраќа нашето тело. Сепак, нашите нокти, кожа, коса и уста се совршени барометри за здравје. Ако вашата исхрана не е балансирана, вашето тело ќе ви каже на овие осум вообичаени начини. Препознавањето на овие знаци е првиот чекор кон поздрав живот. 1. Аларм за нокти и коса: Каде е биотинот (Б7)? Дали ви паѓа косата , дали е тенка или лесно…
За Близнаците, Девицата и Вагата, периодот до 2032 година ќе биде тежок. Предизвиците ќе траат долго. Само со голема сила можам да го надминам овој ужасен период. Се чини дека на некои луѓе им тече мед и млеко во животот, додека на други им е потребно напорно да работат за да постигнат мали победи. Финансиските проблеми и емоционалните кризи ќе им го променат животот. Астролозите советуваат да бидат особено внимателни и мудри. Ако не бидат внимателни, ќе се соочат со големи проблеми. Близнаци Ѕвездите Близнаци носат финансиски проблеми и деловни недоразбирања, што лесно може да доведе до долгови. Ќе им треба…
Франција најави дека наскоро ќе започне да ги пресретнува малите чамци на шверцерите на луѓе на море пред во нив да се качат мигранти, соопштија властите. Оваа промена на политиката се подготвуваше со месеци и е резултат на притисок од Лондон. Француските власти сакаат да се спротивстават на „такси чамците“ – метод што го користат шверцерите, кои испловуваат далеку од брегот, ги собираат патниците од морето и ги возат кон Англија. „Поморската жандармерија наскоро ќе може да спроведува контролни и интервентни операции на море врз пловила за кои постои сомневање дека се такси чамци“, соопшти Поморската префектура на Ламанш и…
Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. -Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и треба деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа, рече Меџити. Прашан дали…
Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор денес соопшти дека ќе ја блокира апликацијата WhatsApp доколку не ги почитува руските закони. Според регулаторот, платформата во сопственост на Мета не ги исполнува барањата дизајнирани за спречување и борба против криминалот. „Доколку услугата продолжи да не ги исполнува барањата на руското законодавство, таа ќе биде целосно блокирана“, соопшти Роскомнадзор, пренесе новинската агенција Интерфакс. Ова е последен чекор во долготраен спор: уште во август, Русија почна да ограничува повици на WhatsApp и Telegram, обвинувајќи ги платформите во странска сопственост дека одбиваат да споделат информации со органите за спроведување на законот во случаи на измама и…
Турската компанија „Трибека“, која обезбедува услуги за сите бродови што се закотвуваат во турските пристаништа, денес објави дека машинската просторија на танкерот „Каирос“, кој се наоѓал во Црното Море северно од Босфорскиот теснец, била погодена од експлозија и пожар, и дека се сомнева дека експлозијата е предизвикана од мина. Танкерот што пловел под знамето на Гамбија бил на околу 52 милји северно од Босфорот кога се случил инцидентот, пренесува „Ројтерс“. Во соопштението се вели дека извештаите укажуваат дека бродот можеби наишол на мина и е во опасност од потонување.
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори. ,,Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ставот на Унгарија кон конфликтот меѓу Украина и Русија е јасен и дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори. Изјавата следува по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. „Како соседи на конфликтот, го гледаме неговото влијание секој ден, врз семејствата и економијата. Ставот на Унгарија е јасен – сакаме мир и сме подготвени да бидеме домаќини на разговори што можат да доведат до реализација. Кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè за неговиот успех“, напиша Орбан на својот профил на X. Путин…
Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во новата сезона стартува со целосно обновена енергија и свеж изглед. Посетителите ќе ги пречекаат ново осветлување, ребрендирање и перфектно подготвен мраз. -ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО НОВАТА СЕЗОНА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ПОЛН СЈАЈ! Ново осветлување Ребрендирање Перфектен мраз Оваа година љубителите на лизгањето ќе уживаат во одличните услови на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски”. Се гледаме утре (29.11.2025, сабота) на официјалното отворање на новата лизгачка сезона, објави на социјалната мрежа на Фејсбук, директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Данијел Апостоловски.
Попладнево во Загреб била нападната една часна сестра која, според првичните информации, е повредена со остар предмет, соопшти загрепската полиција. Повредената часна сестра е префрлена во една загрепска болница, пренесува порталот Index.hr. Полицијата била известена за нападот од лекарите од болницата веднаш по приемот на повредената сестра.За сега нема повеќе информации за околностите на нападот, мотивите или сериозноста на повредите, а истрагата е во тек.
