Close Menu
Press24
    Најново

    Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото

    30.10.2026 во 17:27

    Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени

    30.10.2026 во 17:23

    Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани

    30.10.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
    • Пијан предизвикал сообраќајка, малолетник седнал зад волан без дозвола – четворица возачи уапсени
    • Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
    • Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
    • Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
    • Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
    • Апсења во Скопје
    • Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Австралија деактивира речиси пет милиони профили на малолетници на социјалните мрежи

    Австралија деактивира речиси пет милиони профили на малолетници на социјалните мрежи

    15.01.2026 во 17:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компаниите што управуваат со социјалните мрежи деактивирале речиси пет милиони кориснички сметки кои им припаѓале на австралиски тинејџери, само еден месец по стапувањето на сила на првата ваква забрана во светот за лица помлади од 16 години, соопшти австралискиот интернет-регулатор. Според надлежните, ова укажува дека мерката имала брз и сеопфатен ефект.

    Комесарката за интернет-безбедност, Џули Инман Грант, изјави дека досега се отстранети околу 4,7 милиони профили во сопственост на малолетници, со цел усогласување со законот кој стапи на сила на 10 декември. Дел од платформите започнале со затворање на ваквите профили и неколку недели пред законскиот рок.

    Ова се првите официјални владини податоци за почитувањето на новиот закон, кои покажуваат дека платформите преземаат сериозни чекори за исполнување на обврските. Во спротивно, тие би можеле да се соочат со казни до 33 милиони американски долари, додека децата и нивните родители не подлежат на санкции.

    Иако бројката е значително повисока од претходните проценки и сугерира дека секој Австралиец на возраст од 10 до 16 години имал повеќе од два профили, дел од сметките на малолетници сè уште остануваат активни. Компанијата „Мета“ претходно соопшти дека отстранила околу 550.000 профили на малолетници од Инстаграм, Фејсбук и Тредс.

    Минималната возраст за користење социјални мрежи се однесува и на платформите Јутјуб на „Гугл“, ТикТок, Снепчет и Икс, поранешен Твитер, во сопственост на Илон Маск. Компанијата „Редит“ соопшти дека го почитува законот, но истовремено поднесе тужба против владата со барање за укинување на забраната, на што австралиските власти најавија дека ќе одговорат со одбрана на мерката.

    „Јасно е дека регулаторните насоки и ангажманот на службата за интернет-безбедност со платформите веќе даваат значајни резултати“, изјави Инман Грант, додавајќи дека сè уште е рано да се говори за целосна усогласеност.

    Таа нагласи дека ќе биде потребно време за целосно воспоставување ефикасни системи за проверка на возраста, но дека досегашните повратни информации од давателите на вакви услуги укажуваат на релативно непречено спроведување на забраната, поткрепено со претходна јавна едукација.

    Надлежните соопштија и дека внимателно ќе ги следат таканаречените миграциски трендови, откако некои помали апликации забележале пораст на преземања пред воведувањето на забраната. Сепак, според регулаторот, овој почетен раст не резултирал со долгорочно користење. Долгорочните ефекти од мерката ќе ги следат специјалисти за ментално здравје во рамки на повеќегодишна студија.

    Прочитај повеќе

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Мајкрософт создава AI доктор?

    23.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.