Close Menu
Press24
    Најново

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40

    Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

    09.07.2026 во 22:22

    Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија

    09.07.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух
    • Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал
    • СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД го продолжија рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

    САД го продолжија рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

    15.01.2026 во 17:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    САД повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, со што ја продолжија општата дозвола што им овозможува на компаниите да го подготват теренот за склучување договори најдоцна до крајот на февруари.

    Оваа дозвола првпат беше продолжена на почетокот на декември, кога 17 јануари беше поставен како краен рок за потпишување договори за продажба со „Лукоил“.

    Во меѓувреме, Канцеларијата за контрола на странските средства (OFAC) при американското Министерство за финансии го продолжи и рокот за склучување трансакции поврзани со меѓународната мрежа на бензински пумпи на „Лукоил“, кој сега важи до 28 април оваа година.

    Во вчера објавената одлука, OFAC наведува дека ќе „ги оцени сите понуди за купување на ‘Лукоил интернешнл’ врз основа на фактори што ги поддржуваат целите на националната безбедност и надворешната политика на САД“.

    Американското одобрување на понудите, меѓу другото, ќе биде условено со целосно прекинување на сите врски меѓу „Лукоил интернешнл“ и матичната руска компанија, како и со депонирање на средствата што му се должат на „Лукоил“ на сметка во рамките на американска јурисдикција до евентуално укинување на санкциите, пренесуваат руските медиуми.

    Санкциите против „Лукоил“ и „Роснефт“ беа воведени од американското Министерство за финансии кон крајот на октомври минатата година, со образложение дека целта е да се ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина.

    Неколку дена по воведувањето на санкциите, „Лукоил“ соопшти дека има намера да ги продаде своите странски средства и потврди дека прифатил понуда од швајцарскиот мултинационален трговец со суровини „Гунвор“. Сепак, на почетокот на ноември „Гунвор“ ја повлече понудата откако Вашингтон сигнализираше дека нема намера да му издаде лиценца за бизнис.

    Меѓународната филијала на „Лукоил“, со седиште во Виена, поседува рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, акции во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак, Мексико, Гана, Египет и Нигерија, како и мрежа на бензински пумпи во 20 земји, меѓу кои и Хрватска и САД.

    Вредноста на меѓународните средства на рускиот нафтен гигант се проценува на речиси 22 милијарди долари, објавија британските медиуми.

    Според извори и медиумски извештаи, интерес за купување на средствата на „Лукоил“ покажале повеќе компании, меѓу кои американските енергетски гиганти „Шеврон“ и „Ексон мобил“, инвестициската фирма „Карлајл“, како и „Националната нафтена компанија Абу Даби“ и конгломератот „Интернешнл холдинг компани“ од Обединетите Арапски Емирати.

    Според неименувани извори, и унгарската компанија МОЛ изразила интерес, првенствено за купување на рафинерии и бензински пумпи на „Лукоил“ во Европа, како и удели во наоѓалишта во Казахстан и Азербејџан.

    Прочитај повеќе

    Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија

    09.07.2026 во 22:13

    Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи

    09.07.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.