Author: Author 03

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, по наредба на министерот за здравство, во врска со третманот и лекувањето на доенчето У.М., кое почина на 14 јануари на одделот за педијатрија. Од Инспекторатот посочуваат дека точната причина за смрт ќе биде утврдена по завршувањето на патоанатомската обдукција, која е во тек. Според увидот во медицинската документација и здравствената евиденција, доенчето У.М., старо два и пол месеци, родено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје, било донесено на одделот за педијатрија во болницата во Кавадарци на…

Повеќе

Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, денеска беше недостапна за корисниците ширум светот поради, како што се чини, сериозен технички пад. Веб-страницата и мобилната апликација не се вчитуваа, а на многумина им се прикажуваше празен екран. Дел од корисниците пријавија појава на страници со Cloudflare грешки, иако, според достапните информации, проблемот бил во самата платформа X, а не во Cloudflare, како што било случај за време на некои претходни прекини на услугата, објави британскиот весник The Independent. Во одредени претходни инциденти, страницата се вчитувала, но не прикажувала објави. Податоците од сервисот Down Detector покажуваат дека околу 16 часот е регистриран нагол…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста Соединетите Американски Држави да се повлечат од НАТО, откако разговорите меѓу претставници на Данска, Гренланд и САД за иднината на Гренланд завршија без договор. Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Гренланд е „исклучително важен“ за националната безбедност на САД, нагласувајќи дека секое решение што не подразбира американска контрола врз островот е „неприфатливо“, објави магазинот Тајм. На ваквите изјави остро реагираше Данска, оценувајќи дека станува збор за фундаментално несогласување меѓу двете сојузнички земји. Како одговор, Копенхаген најави проширување на своето воено присуство на и околу Гренланд, додека неколку европски сојузници,…

Повеќе

Мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон дела Фуенте и американскиот државен секретар Марко Рубио остварија телефонски разговор во кој се согласија дека е потребно дополнително зајакнување на соработката за справување со заедничките безбедносни закани, пренесе агенцијата ЕФЕ. Во заедничко соопштение, двајцата дипломати ја потврдија важноста на партнерството меѓу САД и Мексико, кое, како што наведоа, се темели на заемно почитување на суверенитетот. Притоа признаа дека и покрај постигнатиот напредок, „сè уште постојат значителни предизвици“. Разговорот се одржал во чувствителен политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп изнесе изјави за можни копнени воени дејства на територијата на Мексико насочени против…

Повеќе

Речиси 90.000 билети за овогодинешниот Евровизиски натпревар во Виена беа распродадени за неколку минути по пуштањето во продажба. Според Европската радиодифузна унија, билетите за големото финале беа распродадени за 14 минути, додека билетите за сите други настани беа распродадени за еден час. Вкупно девет настани се закажани во текот на една недела, вклучувајќи две генерални проби пред секое емитување во живо. Организаторите наведуваат дека доколку има дополнителни билети, тие ќе бидат пуштени во продажба подоцна. -Реакцијата беше феноменална. Гледањето дека секој настап беше распродаден толку брзо е важен потсетник за тоа што претставува Евровизискиот натпревар, а тоа е радост, заедништво…

Повеќе

Археолозите во јужниот дел на Мексико открија досега непознат антички мајански град скриен под густата вегетација на еколошкиот резерват Баламку, во сојузната држава Кампече. Локацијата била идентификувана со воздушно ласерско мапирање (LiDAR), а потоа потврдена со теренски истражувања во периодот од март до јуни, во зона која со години важела за „празно место“ на археолошките карти. Градот го доби името Окомтун, што во јукатечки мајански јазик значи „камен столб“, поради бројните цилиндрични камени колони расфрлани низ комплексот. Во неговото јадро се регистрирани големи пирамидални градби високи до 15 метри, три плоштади со масивни објекти, како и терен за мајанската игра…

Повеќе

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс во добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во светот, објави весникот „Индипендент“. Бил Гејтс (70) и Мелинда Френч Гејтс (61) објавија дека се разведуваат во мај 2021 година по 27 години брак. Потоа тие ја прекинаа својата филантропска работа, а Френч Гејтс објави во мај 2024 година дека ќе се повлече од функцијата копретседател на Фондацијата Гејтс. Од 2000 година, Фондацијата Гејтс потрошила 53,8 милијарди долари (околу 46 милијарди евра) за здравство, родова еднаквост, глобален развој и образование, според нејзината веб-страница. Мелинда ќе се посвети…

Повеќе

Иако за многумина месото е неизоставен дел од секојдневната исхрана, стручњаците предупредуваат дека начинот на исхрана има значајно влијание врз состојбата на цревата. Здравиот дигестивен систем не е важен само за варењето, туку игра клучна улога и во работата на мозокот, срцето, имунитетот и целокупното здравје на организмот. Според гастроентеролозите, храната што ја консумираме е најсилниот сојузник на цревното здравје. Исхрана базирана претежно на растителни намирници, богати со влакна и полифеноли, придонесува за балансиран и разновиден цревен микробиом и за посилна заштитна слузница. Истражувањата покажуваат дека лицата кои се хранат вегетаријански или вегански имаат поголема разновидност на корисни бактерии во…

Повеќе

Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари на хуманитарниот концерт „Уметници за поддршка“ („Artists For Aid“), одржан во театарот Фонда во Лос Анџелес, наменет за помош на луѓето од Палестина и Судан. Хадид на социјалните мрежи објави дел од атмосферата од настанот и им се заблагодари на сите кои придонеле за успехот на хуманитарната акција. „Собрани се 5,5 милиони долари за помош за Судан и Палестина. Поминавме прекрасна вечер организирана од мојот драг пријател Мустафа Ахмед, а домаќин беше мојот многу драг пријател Педро Паскал, со цел да ја подигнеме свеста за двете итни и…

Повеќе

ЈСП Скопје сподели потсетување за корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. „ЈСП Скопје излегува во пресрет на потребите на студентите и ќе има разбирање, и во таа насока ќе прави отстапки за казнени санкции до 20.01.26 година. Замолуваме до посочениот термин, студентите да ги заведат своите годишни билети. Продолжувањето/заверувањето на билетот започна од 25.12.25, и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал…

Повеќе