Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“
    • Златото повторно „полета”: Еве колку чини унца на светските берзи
    • Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“
    • Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји
    • Јулија со потресни стихови за својата почината ќерка: „После тебе Анчи ништо исто не остана”
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е 0

    СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е 0

    16.06.2026 во 18:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски денес се фали со некаков измислен резултат од 3:1 во однос на претходната власт, повикувајќи се на исплатени субвенции и инфлацијата.  Тешко е да се најде пример за поголема политичка несеризност и обид да се одбрани неодбранливото. Неговиот вистински резултат не е 3. Неговиот резултат е 0. Со букви: НУЛА!, обвинуваат денеска од СДСМ.

    Нула во реформите.

    Нула во подобрувањето на животниот стандард.

    Нула во зголемувањето на минималната плата.

    Нула во мерките за младите.

    Нула во поддршка за земјоделците.

    Нула во европскиот пат.

    За две години власт на Мицкоски и ВМРО:

    -Инвестициите паднаа за 60%,

    -Откупот на земјоделските производи се намали за 46%

    -Буџетот е празен

    -Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

    -Потрошувачката кошничка порасна на речиси 70.000 денари.

    -Македонските работници имаат најниски плати во Европа.

    -Нема програми за младите.

    -Младите масовно ја напуштаат државата.

    -Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, земјоделците останаа без пари,и ИПАРД програмата беше блокирана затоа што директорот беше уапсен поради кражба.

    Мицкоски јавно вети дека до 1 јуни ќе ја исполни целата реформска агенда и ќе отвори кластери со Европската унија. Ништо од тоа не е направено.

    Копенхашките критериуми не се испочитувани, а законот за правосудство, кој ЕУ го врати како недоволно реформиран, и понатаму е проблем. Наместо реформи, имаме политички прогони кои се нарачуваат од собраниска говорница и по телефон.

    Кога некој се обидува врз основа на две тесни ставки да гради наратив за успех, додека го игнорира економскиот крах, масовното иселување на младите, празниот буџет и целосниот застој на европскиот пат, тогаш станува збор за пропаганда, а не за резултати.

    Граѓаните не живеат од статистика за цената на тутунот. Тие живеат од плати, пензии, цени во продавниците и перспектива за своите деца. А таму билансот на оваа власт е длабоко негативен.

    Целиот резултат на оваа влада граѓаните го гледаат во новчаникот и во фрижидерот.

    Македонија забрзува во пропаст!, стои во реакцијата на партијата.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.