Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна Х

    Падна Х

    16.01.2026 во 17:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, денеска беше недостапна за корисниците ширум светот поради, како што се чини, сериозен технички пад. Веб-страницата и мобилната апликација не се вчитуваа, а на многумина им се прикажуваше празен екран.

    Дел од корисниците пријавија појава на страници со Cloudflare грешки, иако, според достапните информации, проблемот бил во самата платформа X, а не во Cloudflare, како што било случај за време на некои претходни прекини на услугата, објави британскиот весник The Independent. Во одредени претходни инциденти, страницата се вчитувала, но не прикажувала објави.

    Податоците од сервисот Down Detector покажуваат дека околу 16 часот е регистриран нагол пораст на пријави за проблеми со функционирањето на X. Прекинот, според сè, бил глобален и се манифестирал и на веб-верзијата и на мобилните апликации.

    За разлика од повеќето големи дигитални платформи, X нема јавно достапна страница за статус на услугите преку која корисниците би биле информирани за технички проблеми и прекини. Иако постои страница за статус на развојната платформа, за време на прекинот таму било наведено дека „сите системи се оперативни“.

    Овој пад доаѓа само неколку дена по уште еден поголем технички проблем на платформата. Двата инцидента се случуваат во период кога X, која е во сопственост на Илон Маск, се соочува со засилени критики, како кон начинот на модерирање на содржините, така и кон нејзиниот чатбот Grok, поради создавање насилни и навредливи материјали, вклучително и слики со жени и деца.

    Откако Маск во 2022 година го купи тогашниот Твитер, дел од корисниците и експертите изразија загриженост дека масовните отпуштања на вработени може да влијаат врз стабилноста и безбедноста на платформата. Иако X во најголем дел остана функционална, мрежата и понатаму повремено се соочува со технички проблеми, објави Скопје1.мк.

    Прочитај повеќе

    Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата

    28.10.2026 во 12:44

    Мајкрософт создава AI доктор?

    23.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.