- САД и ЕУ потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за ретки минерали
- Каков викенд ги очекува Вагите?
- Трамп не застанува: Претседателот со нови санкции го зголемува притисокот врз Кина
- Притвор за Македонец, кој како лажен хирург во Белград правел измами
- Ѓорѓиевски: Официјално отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уплашен и нервозен
- Овој хороскопски знак тешко прифаќа критики
- Инфлуенсерка прегазена пред ноќен клуб во Лондон
Author: Author 03
На 30.11.2025 околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес. -По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
Гери Чепмен е доктор по психолошки науки, мотивациски говорник и брачен советник. Веќе неколку децении активно работи на емоционални проблеми, помагајќи им на луѓето да изградат цврсти и долготрајни врски. Неговата книга „Петте љубовни јазици“ со години е на врвот на листите на бестселери. „Петте љубовни јазици“ е практичен водич. Книгата на Чепмен е продадена во повеќе од дваесет милиони примероци и се наоѓа на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“ од 2007 година. Во неа, овој експерт за ментално здравје ги опишува петте начини на кои луѓето ја искажуваат и ја примаат љубовта во партнерските односи. Според него, најважни…
Утре не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. На планините и повисоките места ќе провејува слаб снег, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, проследено со умерен северен ветер. Во недела, во утринските часови, на планините и на повисоките места повторно ќе има повремено провејување слаб снег. Од понеделник следува стабилизирање на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во постепен пораст. Во дел од котлините е можно појава на магла, што ќе услови пониски дневни температури.
Пешак е тешко повреден попладнево на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, во скопската населба Драчево, кога во него удрило патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Автомобилот го управувал 39-годишниот Р.А. од селото Моране, скопско. Во сообраќајниот инцидент сериозно е повреден 60-годишниот К.С. од Скопје. Лекарите во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ ги констатирале тешките телесни повреди и му укажале медицинска помош. Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на случајот.
Ентеробактерија ништо не значи, тоа е најголемата фамилија на бактерии и ги има преку стотина видови, вели микробиологот Никола Пановски во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Да ги спомнам само Ешерихија коли која сите ја имаме во огромни количини, Клепсиела која сите ја имаме, Протеус кој сите го имаме кај нас. И тоа имаме Ешерихија опасни, 99 отсто се неопасни, Салмонела, Шигела и можам да наредам уште 20. Така да Ентеробактерија и во чешмите значи дека немало доволно хигиенско работење, најчесто пренесено од рацете, неизмиени раце. И во водата, ентеробактерија, особено Ешерихија коли е индикатор дека може…
Авиокомпании ширум светот предупредуваат на можни доцнења и откажувања на летови откако „Ербас“ побара итни модификации на околу 6.000 авиони од семејството A320, поради откриена софтверска ранливост предизвикана од силна соларна радијација, објави 4NEWS.mk Проблемот бил откриен по инцидент на лет меѓу Канкун и Њу Џерси, кога авион бил погоден од нагла и интензивна соларна бура. Радиацијата предизвикала оштетување на податоци во компјутерот ELAC – систем кој управува со крилата и хоризонталниот стабилизатор. Оштетените податоци довеле до ненадејно спуштање на авионот. „Ербас“ соопшти дека авионот неодамна добил нова верзија на софтвер, а ваков проблем никогаш не се појавил со претходната…
Во потрага по начин да се реши она што ги мачи многу Македонци, па и странци, патот ги носи во малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ. Според раскажувањата на човекот задолжен за одржување на манастирот, овој е еден од најстарите манастири на македонска територија. Се верува дека црквата датира од 11 век, но подоцна, како и повеќето цркви и манастири…
Потпретседателот на руската Влада, Александар Новак, соопшти дека на денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан се разговарало за можноста Унгарија да купи удел во руски нафтени компании кои се под удар на новите американски санкции. Новак на прес-конференција посочи дека состанокот во Кремљ се однесувал и на чувствителни економски теми, поради што, како што рече, „не треба да бидат изложени на медиумско внимание“. „Во принцип, таква тема постои и беше разгледана. Унгарија е наш сигурен партнер во енергетиката со години. Унгарските партнери моментално работат во таа насока, а многу зависи од деловните преговори. Значи,…
Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти денеска јавниот обвинител на Париз, Лор Беко. Тој информира дека е поведена прелиминарна постапка против четвртиот осомничен, кој беше уапсен во вторникот, под обвинение за грабеж во банда и членство во криминална организација. Мажот (39) е задржан во притвор, исто како и неговите тројца наводни соучесници кои беа уапсени претходно. Наводниот четврти сторител веќе има шест претходни пресуди, а неодамна бил прогласен за виновен за подведување во 2023 година. Тој му е познат на правосудниот систем и по ракување со украдена стока, соопшти…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака „трајно да ја запре миграцијата“ од посиромашните земји и вети дека ќе се обиде да протера милиони имигранти од САД. Во објава на мрежата „Truth Social“, Трамп рече дека сака „целосно да го растовари“ американскиот систем, но не прецизираше кои земји ќе бидат опфатени со тоа ограничување. Тој додаде дека ќе ги прекине „милионските“ приеми од времето на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден и ќе ги отстрани сите кои, според него, „не се нето вредност за САД или не се способни да ја сакаат земјата“. Планот на Трамп вклучува укинување на…
