Close Menu
Press24
    Најново

    Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија

    10.07.2026 во 23:52

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
    • Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Детали за децата пронајдени во бессознание во Куманово – родителите одбиле болничко лекување и токсиколошки анализи

    Детали за децата пронајдени во бессознание во Куманово – родителите одбиле болничко лекување и токсиколошки анализи

    16.06.2026 во 15:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три малолетни деца кои вчера беа пронајдени во бессознание на кумановската улица „Професор Мијалковиќ“, веднаш биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што биле прегледани од педијатар и од интернист. Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник.

    Од болницата информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, свесни, со проширени зеници и промени во однесувањето. И покрај сериозноста на ситуацијата, семејството одбило соодветна медицинска нега.

    „Децата беа прегледани од педијатар и интернист согласно возраста, а беше повикан и социјален работник. Во присуство на социјален работник и инспектори од МВР, родителите изричито одбија понатамошна опсервација и лабораториски испитувања, и покрај инсистирањето да останат за дополнителни иследувања“ – информираат од болницата.

    Од здравствената установа додаваат дека родителите си ги презеле децата, иако лекарите писмено ги упатиле за итни испитувања на Клиниката за детски болести, на Токсикологија за токсиколошки анализи, како и на детска психијатрија.

    Во случајот веднаш се вклучи и Центарот за социјални работи Куманово, кој бил известен телефонски од социјалниот работник во болницата и веднаш воспоставил контакт со СВР Куманово.

    „Од наша страна веднаш беше контактиран инспектор од СВР Куманово кој разговарал со децата и родителите. Децата биле свесни и според нивното кажување спиеле кога биле затекнати од непознато лице“ – информираат од Центарот.

    Од институцијата потврдуваат дека иако лекарите дале упати за дополнителни и подлабоки анализи, родителите сметале дека нема никаква потреба од нивно спроведување. Ова семејство и претходно било дел од нивните досиеја.

    „Семејството е евидентирано во Центарот и претходно е постапувано по однос на деца на улица. За конкретниот настан родителите и децата веднаш се повикани во Центарот и ќе постапиме согласно нашите надлежности“ – информираат од Центарот за социјални работи.

    Како што дознаваме, децата и претходно биле евидентирани во Центарот за социјални работи заедно со нивната мајка при просење низ кумановските улици.

    Претходно, од СВР Куманово информираа дека трите малолетни деца — петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванаесет и девет години, биле пронајдени вчера околу 10:40 часот без реакција на допир. Според првичните информации од пријавата, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепило.

    Прочитај повеќе

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.