Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

    15.11.2026 во 15:51

    Од рано наутро до попладне без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    15.11.2026 во 15:27

    Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа

    15.11.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура
    • Од рано наутро до попладне без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа
    • Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник
    • Сосетките ме натепаа – вознемирена скопјанка се јавила во полиција
    • Се апсеше на повеќе локации во Скопје
    • Отишол пред нејзиниот стан, тропал и ѝ праќал вознемирувачки пораки – Сообраќајна расправија во Делчево прераснала во закани
    • Вработен во авто сервисот ме нападна со метален предмет – скопјанец пријавил во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светот во шок: Познат пејач се соочува со тужби за сексуални напади

    Светот во шок: Познат пејач се соочува со тужби за сексуални напади

    13.01.2026 во 18:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Легендарниот шпански пејач Хулио Иглесијас се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад врз две жени во 2021 година, објавија шпанските медиуми. Според наводите, инцидентите се случиле додека жените биле вработени во неговите луксузни вили на Карибите, а помладата од нив тогаш имала 22 години.

    Една од жените, која работела како домашна помошничка, тврди дека била изложена на физичко и вербално насилство, вклучувајќи и шлаканици. Втората тужителка, физиотерапевтка, наведува дека била сексуално вознемирувана, понижувана и контролирана во работна средина што, како што тврди, создавала чувство на страв и потчинетост.

    Наводните напади се случиле во резиденциите на Иглесијас во Пунта Кана, Доминиканска Република, и на Лајфорд Кеј на Бахамите. Обвинувањата произлегуваат од заедничка истрага на медиумите „Ел дијарио“ и „Унивисион“.

    Една од жртвите, која во јавноста настапува под псевдонимот Ребека, изјавила дека пејачот ја повикувал во својата спална соба речиси секоја ноќ. Другата жена, Лаура, тврди дека Иглесијас ја допирал без нејзина согласност.

    До овој момент, медиумите не добиле официјален одговор од Хулио Иглесијас. Спротивно на обвинувањата, неговата поранешна менаџерка јавно застана во негова одбрана, опишувајќи го како скромен човек кој секогаш покажувал почит кон жените.

    Хулио Иглесијас важи за една од најголемите ѕвезди на латино-музиката, со над 300 милиони продадени плочи ширум светот.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Еден знак го очекува романтично изненадување, друг треба да внимава на парите

    15.11.2026 во 12:04

    Денеска се празнува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан

    14.11.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.