Поради планирани технички зафати и реконструкција во електродистрибутивната мрежа, утре (понеделник, 16 ноември 2026 година) без напојување со електрична енергија ќе останат повеќе корисници во скопските општини Кисела Вода, Илинден, Сопиште и Аеродром.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Кисела Вода, на потегот од „Зур маркет“ до крајот на слепата улица.
Од 09:00 до 13:36 часот, поради реконструкција на 10-киловолтна мрежа и поправки на дефекти, без електрична енергија ќе останат потрошувачите од дел од Петровец, наплатната рампа Петровец, селата Миладиновци, Текија и Дељадровце, како и објектите на „Макпетрол Миладиновци“, „М-Стеел“ и „ЖТП Миладиновци“.
Прекин во снабдувањето со струја од 09:00 до 13:00 часот ќе има и за корисниците од месноста викана Под Брег во Горно Соње, општина Сопиште.
Дополнително, во периодот од 09:30 до 12:00 часот без напојување ќе останат потрошувачите во месноста викана Димково Лозје во Долно Соње.

