ЈП „Улици и патишта“ Скопје утрово во 8 часот започнува со демонтажа на семафорски портални и обични столбови, како и семафорска опрема на крстосницата меѓу улиците „Скупи“ и „Љубљанска“. Како што информираат од Јавното претпријатие, овие активности се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на оваа крстосница.
Од таму појаснуваат како ќе се одвива сообраќајот за време на градежните зафати:
Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На истите приоди ќе има поставено и лица од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот, соопштуваат од ЈП Улици и патишта Скопје.
Од претпријатието упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи, да се прилагодат на новонастанатите услови на патот и во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

