Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата

    СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата

    13.01.2026 во 18:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата Со одлука на Владата на Мицкоски, Алта банка го купи и пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот на Сашо Мијалков.

    Случајно?

    Премногу случајности излегоа во врска со Алта банка, блиска до СНС.

    Цела структура на ВМРО е поврзана со Алта банка“, велат од СДСМ.

    За Член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Случајно?

    Во Надзорниот одбор е Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски. Случајно?

    Во менаџерскиот тим стои името на Лидија Неделкова. Случајно?

    Марјан Закев, член на менаџерскиот тим, во минатото бил сопственик и управител на фирма во која во 2014 година влегува „Ексико“ Скопје. На јавноста е позната по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот „Империја“. Тоа е истиот предмет во којшто се запленети и акциите.

    Повторно случајно?

    Прашањето сега е дали блиски фирми до ВМРО или Сашо Мијалков наскоро повторно ќе ги купат овие удели?

    Дали непосредно по купувањето на акциите, една фирма блиска до Мијалков, на негова блиска пријателка, исплатила огромна количина на пари во кеш, (преку една наша банка), приближно до сумата на вкупната вредност на акциите?

    АКТ следи внимателно.

    Секако дека ништо од ова не е случајно! Сè е јасно.

    Ова е уште една потврда на скандалите кои ги отвора АКТ на СДСМ и за поврзаноста за која зборуваме подолг период.

    Ова е најкорумпираната Влада во Европа и затоа техничка влада мора да остане, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.