Close Menu
Press24
    Најново

    Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови

    10.02.2026 во 21:52

    Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира

    10.02.2026 во 21:49

    Приведен Германец кој сакал да влезе во Македонија

    10.02.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови
    • Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира
    • Приведен Германец кој сакал да влезе во Македонија
    • Хаос на протестите во Тирана: Повредени полицајци и новинари
    • Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
    • Ваква зима Европа не памети повеќе од една деценија
    • СДСМ: Корупцијата цвета – Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија
    • Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Им дадоа корпа: Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин – тврдат дека со истрагата е за политички поени

    Им дадоа корпа: Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин – тврдат дека со истрагата е за политички поени

    13.01.2026 во 19:43
    epa11271418 Former US President Bill Clinton, and former US Secretary of State Hillary Rodham Clinton, arrive to attend a state dinner in honor of Japanese Prime Minister Kishida Fumio hosted by US President Joe Biden and First Lady Jill Biden at the White House, in Washington, DC, USA, 10 April 2024. Prime Minister Fumio Kishida of Japan is making the first State visit to the White House of a Japanese prime minister in nine years. EPA/Ting Shen / POOL
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, која ја водат републиканците во Претставничкиот дом. Двојката оценува дека истрагата е политички мотивирана и насочена кон партиски поени.

    Во писмо испратено до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор, Клинтонови наведуваат дека „секој човек мора да одлучи кога му е доста“, додавајќи дека за нив „тој момент дојде сега“.

    Комер реагираше со закана дека ќе побара Бил и Хилари Клинтон да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот доколку не се појават пред комитетот, што теоретски може да доведе и до кривични пријави.

    Во писмото што Хилари Клинтон го објави на социјалните мрежи, двојката наведува дека веќе ги споделила сите „малку информации“ со кои располагале, со цел да помогнат во расветлување на случајот. Воедно, тие го обвинуваат Комер дека ја користи истрагата за да го одвлече вниманието од пропустите на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

    „Тоа го направивме затоа што злосторствата на Епстин беа ужасни. Ако владата не направила сè што можела за да ги истражи и гони тие злосторства, од која било причина, тоа треба да биде фокусот на вашата работа“, наведуваат Клинтонови, додавајќи дека не гледаат докази оти комитетот се движи во таа насока.

    Тие истакнуваат дека нема убедливо објаснување за постапките на Комер освен партиска политика и посочуваат дека очекуваат да бидат формално прогласени за виновни за непочитување на Конгресот.

    Во меѓувреме, администрацијата на претседателот Доналд Трамп му наложи на Министерството за правда да ги објави досиејата поврзани со кривичните истраги за Џефри Епстин, во согласност со законот за транспарентност донесен од Конгресот. Епстин во минатото имал контакти и со Трамп и со семејството Клинтон.

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Полицијата најави строги контроли – еве што ќе се проверува

    10.02.2026 во 13:58

    Шокантно вештачење за „Онкологија“: Хемотерапија пред смрт им го скратувала животот на пациентите

    10.02.2026 во 15:36

    Се подготвувал за војна – Полицијата во шок по претрес во куќа во Макарска

    10.02.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.