Author: Author 03

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека новиот Закон за заштита од пушењето нема да доведе до затворање на бизнисите, нагласувајќи дека со него не се забранува пушењето целосно, туку се регулира каде тоа е дозволено, со цел заштита на јавното здравје.Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека угостителските објекти ќе имаат можност да се прилагодат на законските решенија преку уредување на соодветни отворени простори. – Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својата социјална мрежа „Truth Social“, со која повторно предизвика внимание во јавноста, наведувајќи дека покрај тоа што е 45-ти и 47-ми претседател на САД, од јануари 2026 година е и вршител на должноста претседател на Венецуела. На објавената фотографија, Трамп наведе дека ја извршува функцијата претседател на Венецуела, што доаѓа по американската воена операција спроведена на 3 јануари во таа земја. Во операцијата беа уапсени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Според претходните соопштенија, Мадуро и Флорес беа приведени со цел да им се суди во Њујорк, каде се соочуваат…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет, нагласувајќи дека изборот е направен врз основа на стручност, компетентност, професионалност и личен интегритет. Обраќајќи се пред пратениците, Сиљановска-Давкова истакна дека реформите во правосудството мора да ги водат личности со јасен професионален и морален кредибилитет, бидејќи Судскиот совет има клучна улога во стабилизирањето на судскиот систем. – Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа…

Повеќе

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства. Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години околу 470 граѓани го остварија своето право на еднократна парична помош. Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата. Првото решение за исплата…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го осуди инцидентот во кој беше искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за изолиран случај со помала материјална штета и дека институциите реагирале брзо и ефикасно. Муцунски информираше дека, според првичните информации, инцидентот го извршило едно лице и дека причинетата материјална штета не е во голем обем, но дека, без оглед на тоа, настанот е најостро осуден. – Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори со истрагата, бидејќи не сакам да ѝ…

Повеќе

„Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика“ истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата енергетска сиромаштија ги окупира животите на нашите граѓани. Потребно е веднаш да се реагира во законската материја. Енергетиката не е технократска играчка туку е основа за нормален и квалитетен живот. Тоа е јавен интерес од највисок ред“, порача Мециновиќ. Од Левица посочуваат дека илјадници…

Повеќе

Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со Михалис Рокас на Европската Унија, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција. Министерот нагласи дека ЕУ интеграцијата и реформите поврзани со европската агенда се врвен приоритет и дека фокусот ќе биде ставен на испорака на конкретни резултати, зајакнување на институционалните капацитети и градење доверба кај граѓаните во процесот на пристапување кон Унијата. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуирана соработка со институциите на ЕУ и одржување на позитивниот моментум на проширувањето, како и потребата од ефикасна имплементација на реформите.

Повеќе

Општина Карпош Ве известува дека будно ја следи состојбата со зголемениот број на улични кучиња на наша територијата и од тие причини веднаш реагиравме до Град Скопје и ЈП Лајка со барање за заедничка соработка и решавање на овој проблем. Екипите од ЈП Лајка веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните, информираат од Општина Карпош. Евидентно е дека бројот на бездомните кучиња во последните неколку денови е зголемен, па затоа, во соработка со Градот ќе работиме интензивно на изнаоѓање на…

Повеќе

По обилните врнежи на територијата на Република Северна Македонија, состојбата во најголем дел од државата е стабилизирана, а водостоите на реките се во опаѓање. Во Пелагонискиот регион, во Битола состојбата е нормализирана, а екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на санација на оштетени патишта. Во Општина Демир Хисар водата е повлечена во речните корита, но останати се заезерени земјоделски површини во неколку села. Локалниот пат кон с. Мренога е затворен поради оштетен мост, за кој ќе следи стручна проценка и санација. Во Крушево и Ресен состојбата е стабилна, без опасност од излевање на реките. Во Југозападниот регион, во Охрид нема поплавени…

Повеќе

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава. Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 – 2,32 милиона евра. По уплатата ќе…

Повеќе