Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна одлука: По 6.000 денари за секое новороденче во оваа општина

    Падна одлука: По 6.000 денари за секое новороденче во оваа општина

    12.01.2026 во 14:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

    Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години околу 470 граѓани го остварија своето право на еднократна парична помош. Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата.

    Првото решение за исплата е веќе потпишано, а износот на финансиската помош за сите новородени бебиња од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 6.000 денари. Со зголемување на износот на оваа субвенција, за која се обезбедуваат финансиски средства од Буџетот на Општина Илинден, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот.

    Потребната документација за остварување на правото на еднократна парична помош, како и Барањето за доделување на финансиска поддршка за семејства со новороденче се достапни на официјалната веб-страница на Општина Илинден ( www.ilinden.gov.mk ), како и во Архивата на Општината.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.