Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Македонија останува активен партнер во зајакнувањето на безбедноста на НАТО

    09.07.2026 во 09:30

    ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата прво се договори, па го блокираше Изборниот законик

    09.07.2026 во 09:28

    И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје

    09.07.2026 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Македонија останува активен партнер во зајакнувањето на безбедноста на НАТО
    • ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата прво се договори, па го блокираше Изборниот законик
    • И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје
    • Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба
    • Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош
    • Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија – Биле задржани на Ќафасан
    • Горештините попуштија, УХМР ги измери температурите во 8 часот – Пред нас ново невреме
    • Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украинскиот парламент без одлука: Не е изгласан нов министер за одбрана

    Украинскиот парламент без одлука: Не е изгласан нов министер за одбрана

    13.01.2026 во 17:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот парламент не успеа да го именува Михаило Федоров за нов министер за одбрана, откако неговата кандидатура не доби доволна поддршка од пратениците, јави германската новинска агенција ДПА. Федоров, кој има 34 години, досега ја предводеше Министерството за дигитализација, формирано во 2019 година.

    Кандидатурата на Федоров беше предложена од претседателот Володимир Зеленски и, согласно уставот, мора да биде потврдена од парламентот. Доколку беше избран, тој ќе станеше четврти министер за одбрана од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Ново гласање се очекува утре.

    Во меѓувреме, не беше потврдена ниту кандидатурата на поранешниот министер за одбрана Денис Шмихал за министер за енергетика. Во услови на масовни прекини на струја и греење низ земјата, на Шмихал му недостасуваа 16 гласа за да ја добие функцијата.

    Шмихал претходно беше разрешен од позицијата министер за одбрана, на која помина помалку од шест месеци. Пред тоа, 50-годишниот политичар, кој важи за близок соработник на Зеленски, беше премиер на Украина повеќе од пет години.

    Парламентот, исто така, се согласи да го разреши шефот на украинската безбедносна служба СБУ, Васил Малјук. Тој де факто ја водеше агенцијата од 2022 година, период во кој СБУ спроведе повеќе напади врз руски воени цели.

    Смената на Малјук наиде на отпор од дел од високите воени структури, а парламентарната комисија за одбрана ја даде својата согласност дури при вториот обид.

    Украина речиси четири години се брани од руската инвазија со поддршка од западните сојузници, додека обвинувањата за корупција поттикнаа пошироки обиди за реконструкција на владата.

    Прочитај повеќе

    Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби

    08.07.2026 во 22:00

    Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана

    08.07.2026 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.