Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    21.09.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот
    • Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните
    • Герасимовски: Вонредна дератизација во Центар, градските претпријатија да ги одржуваат контејнерите и канализацијата за да има ефекти
    • Сведочења за трагедијата во „Пулс“: Полицаец одбил да помогне при евакуација на повреден, родителите бараат одговорност
    • 2 степени утринска температура во Македонија – Вадете јакните, доаѓа студ
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – електродистрибуција најави исклучувања во повеќе скопски општини
    • Гласајте до 27 септември и изберете каква промена сакате да поддржите преку „Иднина која инспирира“ на dm
    • Серафимовска-Борозан: Нова зделка од 13,2 милиони евра за броила, сомнежи за поврзаност со министерката Божиновска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши против Пржинска влада

    Гаши против Пржинска влада

    12.01.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека е поборник на редовни избори и дека завршувањето на мандатите е клучно за стабилноста на државата. Тој додаде дека формирањето технички влади за предвремени избори не е угледно, особено за земја членка на НАТО, и дека последните изборни процеси се одвивале редовно и без проблеми.
    На денешниот брифинг со новинарите, Гаши истакна дека редовното носење на закони и завршувањето на мандатите се основа за политичка и економска стабилност.

    „Јас сум поборник на идејата на редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни фали политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме да ги завршуваме мандатите и после граѓаните да не ценат по тоа колку сме реализирале од тоа што сме го ветиле од програмата. Вака на пола мандат, може да се каже не сме го завршиле мандатот. Јас сум поборник на идејата на редовни, но за тоа одлучуваат 61 пратеник, и политичката волја на пратениците е таа која одлучува кога би оделе на избори“, рече Гаши.

    На прашањето дали треба да постои или да се укине Пржинската влада, Гаши одговори дека стабилна Влада е приоритет и дека не е угледно да се формираат технички влади за организирање предвремени избори.

    „Колку што се сеќавам, тогаш ние само што ја формиравме политичката партија. Ако се враќаме назад, тоа беше ад-хок решение за таа политичка криза да се надмине. Стабилна Влада, како членка на НАТО, не е угледно да формираме технички влади за организирање на предвремени избори, до толку што гледаме дека изборните процеси, особено последниве, течат по ред, нема некои забелешки. Еве вчера поминаа избори, сите си честитаа, никој немаше проблем околу победата“, додаде Гаши.

    Прочитај повеќе

    Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните

    21.09.2026 во 15:07

    Серафимовска-Борозан: Нова зделка од 13,2 милиони евра за броила, сомнежи за поврзаност со министерката Божиновска

    21.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.