Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор

    Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор

    12.01.2026 во 11:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност, посочи Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    -ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните ширум државата. Во таа насока, сакам да им честитам на сите избрани градоначалници во првиот и вториот круг на локалните избори 2025 година. Изборниот процес го завршуваме со освоени 56 градоначалнички места, наспроти само 6 на СДС. Овие изборни резултати се јасен и недвосмислен пораз за опозицијата и нивните деструктивни, неуспешни и штетни политики. Граѓаните им свртеа грб затоа што не понудија решенија, туку блокади, конфликти и стагнација. Затоа нивната политика продолжува да тоне. СДС падна на едвај 140 илјади гласови и денес е четврта политичка сила во Македонија. Тоа е директна последица на нереформите, немањето капацитет и визија, како и на криминалот и корупцијата од кои не се оградуваат. Кланот Дубаи, наградувањето на поранешни функционери наместо нивна одговорност и целосното отсуство на морал и политичка одговорност, ја донесоа оваа партија до историски пораз, истакна таа.

    Стојаноска порача дека поразени се и ДУИ, партија која не испорача ништо ниту за Албанците, ниту за Македонците во општините каде што раководеше.

    -Наместо развој, оставија долгови, раскопани улици, нефункционални институции и хаос. Националистичката реторика повеќе не им поминува, а реформите никогаш не ги испорачаа. Затоа им порачуваме внимателно да ги слушнат пораките што граѓаните јасно и гласно ги испратија. Нашата обврска од денес е уште поголема. Со длабока почит кон секој даден глас, продолжуваме уште поодлучно, поодговорно и посветено да работиме за граѓаните, за развојот на општините, за напредокот на државата и за иднината што сите ја заслужуваме, посочи Стојаноска.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.