Close Menu
Press24
    Најново

    На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат

    11.06.2026 во 23:27

    Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан

    11.06.2026 во 23:12

    Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна

    11.06.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
    • Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
    • ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Реките се враќаат во коритата: Од ЦУК со детали за состојбата по обилните врнежи

    Реките се враќаат во коритата: Од ЦУК со детали за состојбата по обилните врнежи

    12.01.2026 во 10:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека  во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. 

    Во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селотол Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде што сè уште има излевање и се поплавени поголеми земјоделски површини.
    Во Ресен, како последица на поројните врнежи, поплавени се земјоделски површини, но водата постепено се повлекува откако вчера е интервенирано со една градежна машина за расчистување на коритото на Голема Река.

    Во Југозападниот Регион, во Охрид, на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации. Во струшкото село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини. Процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување пропуст за истек на водата. Во Калишта има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.

    ЦУК информира дека во Дебар реката Радика има зголемен водостој, но засега нема опасност од излевање. Патните правци се проодни, со помали одрони на делниците Жировница – Дебар и Дебар – Струга, кои редовно се расчистуваат.

    Во Западниот Регион, во Кичево, водостоите на Зајашка Река и на реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е расчистување на поплавените домови, дезинфекција и создавање минимални услови за престој. Евакуираните лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им е обезбедена неопходна грижа.

    Во Вардарскиот Регион, во Кавадарци, во ридско-планинските подрачја интервенирано е со механизација на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава, каде што снежната покривка изнесува до 15 сантиметри. 

    Во Североисточниот Регион, во Ранковце, патниот правец с. П’клиште – с. Герман е непрооден поради снежни наноси. Во тек е расчистување. Патот од с. Герман до с. П’клиште е со кашест снег,л што го отежнува сообраќајот.

    Во Полошкиот Регион, воТетово, на патниот правец Тетово – с. Бањиче имало падната голема карпа на коловозот. Патот е расчистен и сообраќајот е нормализиран, а во Гостивар, на патот кон  Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон и се преземаат активности за негово расчистување

    Прочитај повеќе

    Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места

    11.06.2026 во 22:16

    Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар

    11.06.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.