Author: Author 03

Американската актерка Ејми Мадиган зборуваше за животот со својот сопруг, актерот Ед Харис, со кого е во брак четири децении. Имено, актерката откри за списанието People дека таа и Харис немаат посебна тајна за долг и успешен брак. И двајцата имаат 75 години и се заедно од 1983 година. „Едноставно се сакаме и вложуваме многу труд во тоа, исто како што си ја работиме нашата работа“, рече Мадиган на доделувањето на наградите на Здружението на филмски критичари во Њујорк на 6 јануари. На церемонијата, Мадиган ја освои наградата за најдобра споредна женска улога за нејзиното портретирање на злобната тетка Гледис…

Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати силна дипломатска порака на солидарност, обраќајќи се директно до граѓаните на Гренланд и Данска. По средбата во Париз со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, Макрон симболично проговори на нивните мајчини јазици. Порака за суверенитет и идентитет Одлуката на Макрон да користи гренландски и дански јазик доаѓа како директен одговор на геополитичките тензии поврзани со статусот на овој остров. Францускиот претседател беше дециден во својот став дека судбината на територијата е во рацете на нејзиниот народ. „Гренланд не е на продажба, ниту може да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за…

Повеќе

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ навести на Украина дека безбедносните гаранции на САД зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор, што веројатно би барало од неа да го отстапи регионот Донбас на Русија, објави денес „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на осум лица запознаени со разговорите. Вашингтон, исто така, посочи дека би можел да ѝ понуди на Украина повеќе оружје за зајакнување на нејзината мирнодопска војска доколку Киев се согласи да ги повлече силите од делови од источниот регион што го контролира, објави Ројтерс. Извор запознаен со прашањето изјави дека САД не се обидуваат да наметнат…

Повеќе

8️⃣ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИ ДОБИВААТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ СИСТЕМИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ, ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СИЛНА СОРАБОТКА ЗА ПОЗДРАВА ИДНИНА Денес направивме значаен чекор напред, потпишавме Меморандум за соработка со UNOPS, заедно со г. Марко Вујачиќ (Marko Vujačić), Head of Programme – UNOPS South East Europe Multi-Country Office,, во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти ?♻️ ? Проектот опфаќа нови 5️⃣ основни училишта и 3️⃣ детски градинки во нашата општина, каде што ќе се врши замена на старите системи за греење со современи топлински пумпи,…

Повеќе

„Нема повеќе да се молиме, ќе се бориме. Од пред симболот, Работничкиот дом, одиме пред Собранието, кај газдите и пред Владата. Нека не бројат -многу сме!“, изјави лидерот на ССМ, Слободен Трендафилов на денешниот масовен протест на ССМ. Во 17 часот започна масовниот протест на работници кои излегоа да го изкажат својот револт поради ниските плати кои ги добиваат. Од Синдикатот бараат минимална плата од 600 евра и соодветно покачување на сите останати за 6.000 денари. На протестот се присутни илјадници работници.

Повеќе

Во 17.00 часот почна масовниот протест на ССМ. Работници од цела Македонија се собраа за да протестираат за повисоки плати. Бараат зголемување на минималната плата, но и на другите плати. Претседателот на ССМ претходно ги повика сите работници да го поддржат протестот, затоа што доколку работникот не покаже масовност, работодавачите и Владата ќе сметаат дека платите се задоволителни. „Изговор да не протестираат имаат само газдите, не се плашете“ – порача претходно Трендафилов.

Повеќе

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски, кој денеска во рамки на работната посета на Загреб оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска. Средбата е од големо значење заради потенцирање на проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан, а се со цел обезбедување на силна подршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската…

Повеќе

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја препознава реалната состојба на ниски плати и растечка сиромаштија со која се соочуваат голем број граѓани и ја поддржува потребата од отворање сериозна јавна и институционална дебата за подобрување на животниот стандард на работниците. Во таа насока, ДОМ дава поддршка на денешните протести и на заложбите на синдикатите за подостоинствен живот за сите работници. Истовремено, сметаме дека прашањето за зголемување на минималната плата, вклучително и предлогот таа да изнесува 600 евра е комплексно и треба да се базира на пресметки кои ја одразуваат состојбата на сите засегнати страни во тој домен. Потребно е внимателно…

Повеќе

Вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што беше запрашан за средбите на Светскиот економски форум во Давос, како и за најавите за инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Тој посочи дека постои можност и дека ќе ги имаме, дури и на маса го имаме и проектот „Бошков Мост“. Исто така тука треба да мобилизираме, како држава, тоа да е приватен капитал, а државата да си има дел од ова инвестициско портфолио. „Пример, на еден од панелите, на којшто зборувавме за…

Повеќе

Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик! Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалната мрежа ФБ. Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации. Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин. Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и…

Повеќе