Author: Author 03

Со примањето на мигрантите, владата ќе направи исклучително небезбедна држава. Веќе слушаме детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. ‘Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно“, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма. Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат сместени во кампови, туку ќе имаат право слободно да се движат низ државата и да користат работни места, што особено носи ризици поврзани со ваквата ситуација. „Не зборуваме за…

Повеќе

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година. Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Повеќе

Нептун завршува со ретроградниот циклус и директно се движи во Риби, што го расчистува менталниот и емоционален смог од последните месеци. Но Меркур во Шкорпија спроти Уран во Бик создава нервоза, брзи мисли и ризик од импулсивни одлуки. Месечината влегува во Девица и бара ред, план и дисциплина. Ова е ден кога треба да ги средите мислите, а не да брзате. ОвенДенес чувствувате дека нешто во вас се бистри, но истовремено умот ви работи пребрзо. Меркур и Уран ве прават нетрпеливи, како да сакате веднаш да дојдете до решение. Месечината во Девица ве насочува кон практични задачи—тука е вашата сила…

Повеќе

На прашањето кои се реалните закани и зошто, бидејќи имаме договори за реадмисија, ФРОНТЕКС и слично, Жерносвски во Топ тема на ТВ Телма одговори дека стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат вакви мигранти. Дали има поврзаност меѓу кредитот и мигрантите? – Има. Значи или нема да има во Македонија шест милијарди евра или нема да има мигранти. Едното со друго не оди, тоа е вистината за која ние прашуваме уште од мај. Што се крие позади овој договор прашуваме. Велика Британија уште од Брегзит, кога ги направи правилата за миграција има недостаток од 330.000 работни…

Повеќе

„Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми, до нашиот амбасадор и тој мора да биде објавен“, предложи Пивоваров во вечерашното гостување на ТВ Телма. Тој објасни дека ние немаме никаква допирна точка со британската рута и нивната африканска рута која што доаѓа од Шпанија, преку Франција. Договори има потпишано но, јавно кажувам дека меѓународното право не функционира, она што го вели премиерот ако ги фатиме мигрантите ги враќаме во Грција но дали еден мигрант ја има прифатено Грција- нема, секогаш ни одговараат треба да направиме консултации со Атина, а тоа се илјадници случаи. Што е суштината на…

Повеќе

13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор. Телата беа пронајдени откако експлозивна направа беше детонирана пред затворот во Мачала, соопшти SNAI. Се уште не е јасно дали експлозијата е директно поврзана со смртта на затворениците, објави CNN. Властите спроведуваат обдукции и „рутински процедури“ за да ја утврдат причината за смртта. „Потоа полицијата пристигна на местото на настанот и истовремено изврши итна интервенција и инспекција на центарот“, изјави SNAI за новинарите по повторените истраги. Неделните настани се најновите пријавени случаи на насилство во затворот оваа година.

Повеќе

Мис Универзум Јамајка Габриелa Хенри, која падна од сцената минатиот месец за време на прелиминарната вечер на изборот за Мис Универзум, сè уште е на лекување. Членовите на нејзиното семејство открија какви повреди претрпела. Во изјавата, тие наведоа дека имала крварење во мозокот, фрактура, посекотини на лицето и други повреди. „Таа веднаш беше примена на интензивна нега во Бангкок, каде што останува во критична состојба под постојан невролошки мониторинг и продолжува да бара 24-часовен специјалистички надзор“, напишаа тие. Понатаму наведоа дека во наредните денови треба да се врати дома во Јамајка во придружба на медицински тим. Штом ќе пристигне, ќе…

Повеќе

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат село Караорман – Штип. Од СВР Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата. За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница за укажување лекарска помош. Од СВР-Штип најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. Регионалниот пат село Караорман – Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот. Тој дел од патот каде што се случила сообраќајката, помеѓу општините Штип и Карбинци, е познат…

Повеќе

Вечерва, се одржа свечен прием во Скопје, на кој присуствуваа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион како и раководителот за развојна соработка, Амбасада на Кралството Шведска, Микаел Атерхог, и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Сомер, и претставници на меѓународни организации, при што партнерите ја потврдија силната и континуирана посветеност кон воспоставување регионален модерен и одржлив систем за управување со отпад, по европски стандарди. Настанот беше посветен на зајакнување на регионалната соработка како основа за одржување на утрешната конститутивна седница на…

Повеќе