- Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 проценти
- ЕП гласа за извештајот за напредокот на Македонија – Вајц бара забрзување на интеграцијата на Западен Балкан
- Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред
- ВМРО-ДПМНЕ: Нови работни места и можности за младите – Седум квартали по ред економски раст над 3%
- ВМРО-ДПМНЕ: Со дела покажавме дека земјоделството е еден од највисоките приоритети
- Ја викнал колешката на разговор во училишната библиотека, а потоа ја убил – Ужас во Австрија
- ВРЕДИ: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски
- Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Author: Author 03
Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1000 лица. Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од две години. Истите тие, или СДС, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати…
Против три лица е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на лични податоци и фалсификувана документација за време на локалните избори во Богданци. Тие се обиделе со фалсификатите да поднесат кандидатска листа за членови на советот на општина Богданци. Според пријавата на ОВР Гевгелија, 40-годишен жител на Богданци во септември 2025 година, без согласност, ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и на уште едно лице и ги предал на 33-годишен скопјанец. Осомничениот од Скопје, потоа ги употребил тие податоци во постапка за кандидирање пред Општинската изборна комисија Богданци, при што биле фалсификувани и потписите…
Поднесена е кривична пријава против штипјанец поради сомнение за кривичните дела ,,телесна повреда” и ,,одземање дете”. Пријавениот 21 – годишен штипјанец Е.Д, заедно со уште две лица ја нападнал физички својата поранешна 23 – годишна сопруга. По нападот, со помош на едно од присутните лица, тој ја одзел нивната малолетна ќерка. Случајот е пријавен и документиран, а кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.
Тргнале да фрлат ѓубре после 22 часот, инспекторите ги фатиле на дело, па се вратиле дома со казна од 50 евра. Во ваква ситуација се нашле над 60 граѓани откако е воведена забраната за фрлање ѓубре во вечерните часови до шест наутро. Помина периодот на опомени и адаптација, инспекторите веќе казнуваат. Ги прашавме граѓаните, дали мерката вроди со плод. Сител денеска направи обиколка. На пладне контејнерите на главните булевари беа празни, но во маалските контејнери најдовме и такви кај кои преливаше ѓубрето. Градоначалникот на Град Скопје е задоволен од мерката. Вели дека со неа се воспоставило ред во градот. Статистиката…
Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, потврди дека градската полиција нема да биде инструмент за спроведување на федералните имиграциски закони. Според него, фокусот на локалните органи на редот мора да остане исклучиво на јавната безбедност и градењето доверба со сите заедници. Безбедност пред депортација Фреј појасни дека полицијата не треба да се користи за имиграциски прашања, бидејќи тоа би ги одвратило граѓаните да пријавуваат криминал или да бараат помош. Тој направи интересна историска паралела, посочувајќи дека ваквата политика не е радикална, туку веќе видена. „Секој граѓанин треба без страв да може да побара помош од полицијата. Оваа политика е слична на…
Имајќи ја предвид тешката положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и изнесените барања на Сојузот на синдикатите, СДСМ ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите. СДСМ ги поддржува барањата на работниците и Сојузот на синдикатите, секој работник заслужува достоинствена плата за живот. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција ќе ги образложи деталите за овие законски решенија, информираат од СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Пратеникот Петрушевски посочи…
Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Бојковска се осврна на измената на Кривичниот законик, која се изгласа денес во Собранието, а нагласи дека се подготвува и нов Кривичен законик, на кој веќе се работи и за кој веќе има нацрт верзија. ,,Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека доколку не направиме до крајот на годината измени во Кривчниот законик, ќе оставиме…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го посети сицилијанскиот град Нишеми, кој се соочува со сериозна природна катастрофа. По серијата силни бури, големо свлечиште буквално „голта“ делови од градот, оставајќи десетици куќи на самиот раб на провалија. Евакуација и безбедносна состојба Ситуацијата во Нишеми е критична откако ридот почна постепено да се урива во неделата навечер. Процесот на дестабилизација на земјиштето продолжи и во текот на понеделникот, што принуди итна евакуација на повеќе од 1.500 жители. Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, беше дециден во својата оценка за состојбата на теренот: „Куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и жителите ќе…
Додека европските лидери ја нагласуваат неповредливоста на границите, од Вашингтон стигнуваат информации за официјализирање на дијалогот. Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека денеска започнуваат техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд во врска со интересот на претседателот Доналд Трамп за оваа стратешка територија. Дипломатија зад затворени врати Пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио истакна дека целта е да се избегне јавен притисок и да се овозможи простор за преговори. „Сакаме да го направиме ова без да го претвориме секој разговор во медиумски спектакл, бидејќи тоа остава повеќе простор за флексибилност и позитивен исход од двете страни“, изјави…
