Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“ е неговиот омилен збор, објавуваат американските медиуми. „Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Ја сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, објавува „Њујорк пост“. Тој додаде дека неговата царинска стратегија „носи стотици милијарди долари“ во САД, според американскиот весник. Трамп рече дека работниците во челичарницата, особено во Пенсилванија, добиваат подобри резултати благодарение на неговата царинска стратегија. „Доколку немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД и тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.

Повеќе

Во изминатите денови сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види: исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје. Овие девијантни однесувања не се само вандализам, туку директен удар врз заедничкото добро, врз трудот и вложувањето на Општина Штип и врз сликата на нашиот град. Како градоначалник, остро реагирам и упатувам апел до СВР Штип за преземање соодветни мерки и санкции кон сите кои свесно го нарушуваат јавниот ред и имот. Таквото однесување не само што ја загрозува безбедноста, туку ја понижува заедницата која секојдневно се труди да гради поубав…

Повеќе

Општина Кисела Вода е првата скопска општина која доби целосна 360° виртуелна презентација, преку новиот дигитален проект „Општина Кисела Вода НА ДЛАНКА – 360°“. Проектот претставува современ начин на претставување на општината, кој овозможува граѓаните, учениците, посетителите и туристите виртуелно да се движат низ Кисела Вода и да ги истражуваат најзначајните образовни, културни, спортски и духовни локации. Со над 500 панорами снимени од воздух и од земја, меѓусебно поврзани во интерактивна прошетка, корисниците добиваат реалистично искуство и информации за секоја локација. Оваа иновативна алатка има и значајна образовна улога, бидејќи може да се користи во наставата по историја, географија и други предмети. Виртуелната прошетка им овозможува на учениците…

Повеќе

Изминатите девет дена од месец декември 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за…

Повеќе

Кривична пријава против директорка на градинка во Кочани поради „злоупотреба на службена положба и овластување“ ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место…

Повеќе

СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста. Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во Македонија, повторно им кажуваме на СДС, мигранти во Македонија нема да има, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија.  Следете го судењето во живо, ќе започне во секој момент.

Повеќе

„Денес, во Кривичниот суд, продолжува судењето за грозоморно убиените коњи во ЗОО Скопје – животни кои биле под институционална грижа, а завршија убиени: измачувани, заклани на најбрутален можен начин. Ова не е обично рочиште – ова е момент кога државата ќе покаже дали е способна да ги заштити најранливите, или ќе дозволи брутално злосторство да се избрише како да не се ни случило“, реагирааат утрово од Анима Мунди. „До нас доаѓаат сериозни информации дека одредени институции се обидуваат да се прогласат ненадлежни. Ако ова се реализира, тоа ќе значи едно: свесно создавање простор за неказнивост. Тоа е скандал од највисок…

Повеќе

Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони во два термина – од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде запрен сообраќајот кон и од Грција. Исклучок ќе има само за камиони што превезуваат грчки производи. Низ целата земја активни се повеќе од 50 блокади. На самиот премин Евзони се паркирани над 300 трактори, а протестите таму траат веќе десет дена, при што периодично се затвора патниот премин. Блокади има и на другите гранични точки – на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде секој ден се решава дали…

Повеќе

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Денешното рочиште од судењето кое започнува во 9:30 часот ќе може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook. Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Досега воведен збор, покрај обвинителството, даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на…

Повеќе