Author: Author 03

Изминатите девет дена од месец декември 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за…

Повеќе

Кривична пријава против директорка на градинка во Кочани поради „злоупотреба на службена положба и овластување“ ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место…

Повеќе

СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста. Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во Македонија, повторно им кажуваме на СДС, мигранти во Македонија нема да има, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија.  Следете го судењето во живо, ќе започне во секој момент.

Повеќе

„Денес, во Кривичниот суд, продолжува судењето за грозоморно убиените коњи во ЗОО Скопје – животни кои биле под институционална грижа, а завршија убиени: измачувани, заклани на најбрутален можен начин. Ова не е обично рочиште – ова е момент кога државата ќе покаже дали е способна да ги заштити најранливите, или ќе дозволи брутално злосторство да се избрише како да не се ни случило“, реагирааат утрово од Анима Мунди. „До нас доаѓаат сериозни информации дека одредени институции се обидуваат да се прогласат ненадлежни. Ако ова се реализира, тоа ќе значи едно: свесно создавање простор за неказнивост. Тоа е скандал од највисок…

Повеќе

Грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони во два термина – од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде запрен сообраќајот кон и од Грција. Исклучок ќе има само за камиони што превезуваат грчки производи. Низ целата земја активни се повеќе од 50 блокади. На самиот премин Евзони се паркирани над 300 трактори, а протестите таму траат веќе десет дена, при што периодично се затвора патниот премин. Блокади има и на другите гранични точки – на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде секој ден се решава дали…

Повеќе

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Денешното рочиште од судењето кое започнува во 9:30 часот ќе може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook. Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Досега воведен збор, покрај обвинителството, даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на…

Повеќе

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Тој истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. „Централниот елемент на ова дискусија треба да биде дека во оваа држава некој дозволува да не се следат законите, да не се следат прописите и да не постапуваат институциите само заради една…

Повеќе

Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот. Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија, реагираат утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.  Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат…

Повеќе

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е отворен Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри. Право на учество имаат државјаните на Република Северна Македонија до 35-годишна возраст. Трудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери, со препорачана стандардна научна структура. Може да се конкурира и со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година. Пријавувањето се…

Повеќе