- Скопје домаќин на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, Алиу најави регионална конференција со Светска банка
- ФОТО: Ставиле на себе златни ланчиња од Турција вредни 1,1 милиони денари, пробале да ги криумчарат на Богородица – Царината ги спречи
- Инцидент во угостителски објект во Охрид: Претепано семејство
- Дојчиновски: Мицкоски сака да ја продаде водата и струјата за профит на странски дата центри
- Борозан: Социјално-ранливите граѓани ја водат сами битката за гола егзистенција
- Драма во Вашингтон: ФБИ спречи голем терористички напад врз Белата куќа, уапсени пет лица
- ФОТО: Почина на само 35 години – Последната објава на актерката од серијата на Сител
- (ФОТО) Се судрија камион и автомобил кај Рампа во Кисела Вода
Author: Author 03
рвата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин одговорил на нејзиното приватно писмо, во кое таа побарала ангажман за повторно обединување на украинските и руските деца со нивните семејства. Во ексклузивно интервју за „Фокс њуз“, Трамп откри дека дипломатскиот канал за ова хуманитарно прашање е активен и дека се прават напори за конкретни резултати. „Да, тој одговори. Добив писмо од него. Мојот претставник е во постојан контакт со руската страна и ние продолжуваме интензивно да работиме на процесот за повторно обединување на децата“, изјави Првата дама. Таа нагласи дека решавањето на овој проблем е…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во моментов се работи по пријави за фалсификат дипломи, и дека законот засега дозволува само казни, но и дека наскоро ќе стапи во сила новиот Закон за високо образование, со што ќе има други процедури за овие фалсификат дипломи. „Цел овој период ние работиме за да утврдиме одредени факти кои се случувале во минатото, но има индиции дека се случуваат и сега, иако во помал процент. Жал ми е што можам да кажам дека нашите постоечки Закони за високо образование, имаат одредени пропусти кои не дозволуваат…
Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. -Еден од приоритетите на Министерство за спорт со поддршка од Владата, е да создадеме систем што ќе ги препознава и ќе ги поддржува младите таленти – истакна министерот за спорт Борко Ристовски на свеченото доделување на стипендиите што се одржа вечерва во Македонската опера и балет, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“. Тој посочи дека „вложувањето во младите спортисти е најсигурната инвестиција што една држава може да ја направи – инвестиција во здрави генерации, во национална гордост и во меѓународни…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година. Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји. Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил со неговото барање да не ги напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела. „Јас лично го замолив претседателот Путин да не ги таргетира Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво.“ Американскиот претседател не разјасни кога или на кој начин му го упатил тоа барање на Путин, како и од кој датум треба да стапи во…
Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој денеска одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот хронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените. -20 години го раководите Министерството, кое 20 години не еМминистерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури…
Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација на училишната мрежа, воведување едносменска настава и продолжен престој во училиштата. Тоа ќе донесе и подобри резултати на нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање во врска со неисплатениот регрес за годишен одмор на наставниците…
Бројот на услуги што ги нудат Центрите за услуги низ државата бележи значителен раст, а во план е дополнително ширење на мрежата и воведување нови дигитални решенија. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Според податоците на министерот, ако во првите пет години од отворањето на центрите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид и Битола се нуделе помалку од 3.000 услуги годишно, веќе во 2024 година тој број пораснал на 5.700. Рекорден скок е забележан во 2025 година, кога бројот на реализирани услуги достигнал 11.593. За овој раст придонело отворањето на осум нови…
На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали се планира отворање на вакви центри за услуги во сите градови низ државата и кои конкретни услуги ги нудат овие центри.„Министерството за дигитална трансформација е релативно ново, но за периодот откако е формирано постигна високи резултати и воспостави стандарди кои навистина недостигаа…
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа се осврна на идејата за обновување, а воедно и модернизација на жичницата до Водно. Тој истакна дека наместо претходно планираната траса од црквата Свети Јован кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно, бидејќи како што вели, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму. ,,Доколку сакате вие да го паркирате возилото и да бидете сигурни…
