- Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат
- Поголем дел од Македонија ја зафати невреме
- Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
- Фрлил три торби дрога во битолско и избегал, полицијата пукала во воздух
- УХМР со најнова прогноза за цела недела: Топло со температури до 37 степени, попладне можно локално невреме
- Утре ќе има прекин на струја во Скопје и околината
- Паднаа 11 дилери во Скопје
- Скопје домаќин на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, Алиу најави регионална конференција со Светска банка
Author: Author 03
Познатиот македонски кардиолог и професор, д-р Сашко Кедев, поднесе оставка од членството во советодавното тело на министерот за здравство, Фатмир Алиу. Како што објави Телевизија Канал 5, повикувајќи се на свои извори, Кедев веќе не е дел од тимот експерти кои требаше да го советуваат министерот за клучните реформи во здравствениот систем поради застој во започнатите контролни процеси по скандалот со кардиоваскуларните операции кои се правеле тешки и скапи операции на пациентите кои не требало да се направат.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му понудил на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да биде „посредник“ меѓу Техеран и Вашингтон. Во телефонски разговор, Ердоган нагласи дека Турција е подготвена да игра улога на посредник меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), „со цел да се намалат тензиите и да се решат проблемите“, соопшти турското претседателство, според француските медиуми. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во петок наутро во Истанбул за да се сретне со својот турски колега Хакан Фидан, во обид да се избегне американски напад врз соседен Иран што би го дестабилизирал регионот. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера…
Иако првично критикуван за воздржаност, американскиот претседател Доналд Трамп премина во фаза на сериозни воени подготовки кои укажуваат на можни напади врз Иран. Клучниот потег се случи на 26 јануари 2026 година, кога носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, придружуван од три разорувачи, вплови во водите на Блискиот Исток. Трамп оваа формација ја нарече „армада“ со јасна цел да му испрати силна порака на иранскиот режим. Американскиот претседател упати јавен ултиматум до Техеран, барајќи итно запирање на нуклеарната програма. Тој предупреди дека секој следен воен удар ќе биде далеку поразорен од операцијата „Полноќен чекан“ од јуни 2025 година, кога со…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги потпиша указите за прогласување на пакетот судски закони, со што тие официјално стапија во сила. Оваа одлука доаѓа по нивното усвојување во српскиот парламент на 28 јануари, но и покрај сериозните предупредувања од Брисел дека овие законски решенија претставуваат чекор наназад во евроинтеграцискиот процес на земјата. Европската комисија веднаш по гласањето упати повик до српските власти итно да ги преиспитаат законите и да ги усогласат со европските стандарди. Според официјален Брисел, новите измени директно ја загрозуваат независноста на судската власт, како и автономијата во работата на јавните обвинителства. Европската комесарка за проширување, Марта…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа дека ја оставила Украина на „цедило“ со протиракетната одбрана, што Русија го искористи за да нанесе сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура и да ја доведе земјата „на работ на целосен мрак“. Зеленски посочи дека доставата на ракетите за системите Patriot доцнела поради пропуштена уплата во рамките на иницијативата PURL, оставајќи многу Украинци без струја, греење и вода среде најстудената зима од почетокот на војната. Иницијативата PURL ја водат САД и НАТО, а придонесуваат повеќе европски држави, но висок претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас предупреди дека Европа мора да користи свои…
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, се осврна на темата за блокадите од страна на транспортерите кои беа актуелни изминативе денови, за што истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Тој додаде дека по состанокот во Брисел ќе следи заедничка средба за разгледување на предлозите, и целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите, кои се клучен двигател на македонската економија. ,,Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму…
Страшно злосторство го потресе австрискиот град Леобен, во сојузната покраина Штаерска, каде според првичните информации од истрагата, мајка му го одзела животот на своето дванаесетгодишно дете. Како што пренесуваат локалните медиуми, детето било избодено со нож во станот каде што живееле. Итните служби примиле повик за интервенција денеска околу 15 часот, по што веднаш се упатиле кон местото на настанот. Во станот, кој се наоѓа во непосредна близина на болницата ЛКХ Леобен, полицијата и лекарите го пронашле момчето со тешки убодни рани во пределот на вратот. И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за дванаесетгодишникот немало спас и била констатирана…
На автопатот Скопје–Велес, после велешката наплатна станица има одрон и сообраќајот се одвива со поголема претпазливост. Се предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината и да се движат внимателно со почитување на сообраќајните знаци. Се очекува расчистувањето на одронот да трае неколку часа, по што сообраќајот ќе се врати во нормала. Исто така од АМСМ известуваат дека на патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје, младите добија свој простор. „Со особена чест и искрено задоволство, денес заедно со постојаниот претставник на УНДП во Македонија, г. Армен Григоријан, го отвораме Младинскиот хаб на Град Скопје – современ, отворен и инклузивен простор создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал. Ова е стратешка инвестиција во иднината на нашиот град. Хабот е целосно опремен со средства обезбедени од УНДП и претставува силна порака дека младите се во фокусот на развојните политики на Град Скопје. Управувањето со Младинскиот хаб им е доверено на млади и стручни кадри со релевантно искуство…
Глобалната ноќна економија учествува со околу 3 % од светскиот БДП и вработува едно од десет лица, покажува новиот извештај на Night Time Foundation, претставен во Давос. Резимето на Глобалниот извештај за ноќната економија 2026 година е објавено на македонски јазик од платформата Терапија.мк, која го пренесува овој значаен документ до домашната јавност, отворајќи простор за поширока дебата за улогата на културата, урбаниот живот и економијата по зајдисонце. Според клучните наоди, околу 3 % од глобалниот бруто-домашен производ е директно поврзан со ноќната економија, со проценето годишно влијание од 3 до 4 трилиони долари. Дополнително, едно од десет лица во…
