- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
- Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
- Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
- Отишол да раскине договор за стан во Карпош, па се пресметале со сопственикот и агент за недвижности – Инцидент во Скопје
- Трагедија во кривопаланечко: Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи
- Мицкоски најави викенд-средби со ВРЕДИ и ЗНАМ за реконструкција на Владата
- Мицкоски од Струмица: Здравството останува наш силен фокус, болницата целосно во функција од септември
- Трагедија во Зелениково: Маж пронајден починат под сопствениот мотокултиватор
Author: Author 03
Од 19:10 часот, сообраќајот на експресниот пат Кочани – Штип воблизина на с. Тркање е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Во моментов нема информациии за евентуални повредени лица и причинета материјална штета на возилата.
Кремљ официјално потврди дека во Будимпешта ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, појасни дека руската делегација е подготвена за дијалог, но нагласи дека позициите на Москва остануваат цврсти. Според Песков, фокусот на средбата ќе биде ставен на можните рамки за прекин на огнот и безбедносните гаранции кои Русија ги бара. Тој истакна дека „дијалогот е неопходен“, но истовремено потсети на претходните изјави на претседателот Путин дека преговорите мора да се засноваат на „реалноста на теренот“. „Ние никогаш не сме одбиле преговори, но тие не…
Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз. Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Посочуваат дека дежурните екипи се постојано…
Денеска се одржа прес-конеренција на која МОК ги претстви спортистите кои ќе ја претствуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, а изненадувачки пред новинарите не се појави Мирко Лазарески, кој претходно беше најавен како еден од нашите претставници во Италија. Наместо Лазарески, на денешната прес-конференција се појави Виктор Петков, без никаква претходна најава. Според објавените информации на порталот „МКД.мк“, причината за ваквиот пресврт е тоа што Мирко Лазарески наводно паднал на допинг-тест. Засега за случајот нема реакција од МОК или Скијачката федерација на Македонија. На прес-конференцијата која се одржа денеска, не беа објавени информации на оваа тема.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на…
Прашањето за контролата врз Гренланд повторно ги разбранува односите на релација Нук – Копенхаген – Вашингтон. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денес во своето обраќање пред Парламентот на Данска изрази сериозна загриженост дека САД сè уште имаат амбиции за воспоставување доминација над островот. Иако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ја отфрли можноста за употреба на воена сила, Нилсен смета дека стратешкиот интерес на Вашингтон останува непроменет. Тој пред данските пратеници порача дека Соединетите Држави „упорно бараат начин“ да обезбедат сопственост и директна контрола врз оваа стратешки важна територија. Според премиерот, интензивираната реторика на Трамп од почетокот на годината не е…
„Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“. Со оваа изјава Министерката за енергетика на Мицкоски, Сања Божиновска призна дека во буџетот нема пари. Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат. Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра. реагираат попладнево од СДСМ. Владата вели нема пари за ништо освен за криминални тендери. Тие течат без пречки. Има пари 161 тендер за една фирма, има за 51 тендер за омилената фирма преку општините, има за 9 милиони евра за двајца вработени, има 1,2 милиони…
Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан и седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се во врска, според британските медиуми. Тие неодамна поминале романтичен викенд во Велика Британија. Ким наводно го напуштила Лос Анџелес со приватен авион за време на викендот за да се сретне со него. Парот престојувал во луксузниот хотел Естел Манор во Котсволдс, изјави извор за The Sun. „Тие резервираа масажа за парови и ги имаа сите погодности само за нив двајца. Вечераа во посебна соба за да нема други гости наоколу“, рече тој. Ким и Луис го напуштиле хотелот во неделата. Се скриле за гостите да не…
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент. За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ. Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на…
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во гостување на емисијата „Став на регионот“ на регионалната телевизија Нјузмакс Балканс (Newsmax Balkans) јасно порача дека Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски одржливи решенија. – Како Влада остануваме посветени на спроведување на политики со кои ја зајакнуваме економијата во државата и го зголемуваме животниот стандард, но тоа не се прави со ад-хок решенија и со носење на административно- политикантски одлуки. Ние сме посветени на трипартитниот…
