Author: Author 03

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази умерен оптимизам, нагласувајќи дека е „можно да се постигне траен и достоинствен мир“ со Русија. Тој подвлече дека клучната улога ја имаат Соединетите Американски Држави, од кои очекува да останат посветени на создавањето услови за дијалог. Зеленски во своето редовно обраќање откри дека билатералниот документ со Вашингтон за безбедносни гаранции во периодот по војната е веќе подготвен. Паралелно со тоа, се работи и на плановите за економска реконструкција и развој на земјата. Интересен пресврт во воената динамика се случи минатиот петок. По серијата жестоки напади врз енергетската мрежа, Кремљ прифати да ги запре ударите…

Повеќе

Локалните и федералните власти во Лас Вегас истражуваат куќа за која се сомнева дека се користи како биолошка лабораторија и се обидуваат да утврдат за какви материјали станува збор. Претресот е спроведен во сабота наутро, но истражителите сè уште не знаат точно што пронашле, дознава ABC News од полициски извори. Истрагата е покрената поради прекршување на прописите Истрагата е покрената по пријава за прекршување на прописите. Кога се појавило сомневање дека материјали за биолошки истражувања се нелегално складирани на имотот, случајот го презела Заедничката антитерористичка единица. Според изворите, управителот на тој имот бил уапсен во саботата. Материјалите пронајдени во ампули…

Повеќе

Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Туркије како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни. На прес-конференција во Истанбул, податоците за работењето на туристичкиот сектор ги претстави министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој. Тие говорат дека земјата лани била домаќин на 64 милиони туристи, што е раст за 2,7 отсто во однос на 2024 година, а…

Повеќе

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360 степени“ ма МТВ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да се земат предвид. -Нека седнат да се договрат меѓусебе колку можат да носат товар работодавачите, зашто тие треба да ги исплатат платите. Кажете ми каде во светот државата ги покрива платите на приватниот сектор? Владата може да ги покрива платите…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани-Штип во близина на село Тракање. Според првичните информации несреќата се случила меѓу три возила. Како што велат надлежните од СВР-Штип, има и повредени лица, но во моментов не се знае со какви повреди се. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а патот е затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани-Штип. Според АМСМ експресниот пат Кочани-Штип е затворен од 19.10 часот.

Повеќе

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, упати сериозно предупредување против создавањето на единствена европска армија, нарекувајќи ја таквата идеја „екстремно опасна“. Според неа, за земјите кои веќе се дел од НАТО, формирањето на паралелна воена структура би било непрактично и би предизвикало хаос во клучните моменти. Калас истакна дека најголемата вредност во време на криза е јасниот „синџир на команда“. Таа појасни дека постоењето на две одделни команди (една на ЕУ и една на НАТО) би значело дека во одлучувачките моменти „топката би паднала меѓу два стола“. Во моментов, надзорот на сите сојузнички воени операции во Европа…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека по разговорот со индискиот премиер Нарендра Моди е постигнат историски трговски договор. Клучната точка на овој договор е обврската на Индија целосно да го прекине купувањето на руска нафта, што претставува сериозен удар врз руската енергетска стратегија. Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп појасни дека договорот вклучува значително намалување на царините: „Од пријателство и почит кон премиерот Моди и на негово барање, со стапување на сила веднаш, се согласивме за трговски договор меѓу САД и Индија, со кој САД ќе наплаќаат намалена реципрочна царина од 18 проценти, наместо досегашните 25 проценти“, напиша…

Повеќе

По години труд, трпение и чекање, за два хороскопски знака доаѓа моментот кога сè што вложиле ќе биде вратено, но не на никаков начин, туку со камата. Јарец Долгоочекуваната награда доаѓа за Јарецот. Со години одеа нагоре, страдаа и даваа се од себе, верувајќи дека трудот ќе се исплати. Новата година носи стабилни и долгорочни промени во деловниот и финансискиот живот. Понудите што доаѓаат сега не се само привлечни, туку се реални и вреди да се прифатат. Рак Емоционалниот мир што го чекаа долго време доаѓа кај Раковите. Во годините што поминаа, тие честопати го носеа товарот на другите, заборавајќи…

Повеќе

Посетата на САД ја започнав со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во делот на сајбер безбедноста, која управува со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers), информираше на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Нивната работа опфаќа области што се клучни за современата држава: AI и нови технологии – со фокус на доверливост, валидација и примена во критични јавни системи Сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност – заштита на критична инфраструктура, регистри и државни платформи Дигитално управување и менаџмент на податоци –…

Повеќе

Вкупно 101 забрана за возење е изречена вчера како резултат на прекршоците што ги забележал системот „Безбеден град“, на првиот ден на кој тој почна да изрекува казни, соопшти МВР. „За минување на црвено светло констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите“, пишува во полициското соопштение. Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, додаваат…

Повеќе