Author: Author 03

Од утре 16.12.2025 година (вторник) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе биде во работна посета во Брисел. Таму премиерот ќе присуствува на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.

Повеќе

Од вечерва Скопје во новогодишно светло. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги вклучи светилките на новогодишната елка а од вечерва стартува и божиќниот базар. Според најавата од градските власти на 27 декемви Дедо Мраз ќе дели бесплатни пакетчиња. Веќе бил постигнат договор со општините во градот, прославата на плоштадот Македонија да биде единствена организирана прослава.

Повеќе

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука, посочи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на телевизија Сител. -Ние ја водиме владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада во минатото, на наследен Јавен обвинител му оставивме година и половина да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите какви се, и логично е, не сме задоволни и влегуваме во процес да бараме Јавен обвинител од којшто очекуваме многу повеќе, посочи премиерот Мицкоски. Премиерот ги охрабри сите коишто се чувствуваат компетентни да се пријават за…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12. „Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред, тоа значи дека минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не може тие да се обработат, се случуваше доверителите да не добијат…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп сака телефонски да разговара со европските шефови на држави и влади за тековните напори за ставање крај на војната во Украина, изјави денеска висок американски функционер. Сè уште е нејасно кога точно ќе се одржи телефонскиот разговор, јавува ДПА. Американскиот функционер го спомена телефонскиот повик додека зборуваше за денешната вечера одржана во Берлин меѓу шефовите на држави и влади. Украинска и американска делегација се од вчера во Берлин, каде разговараат за мировен план од 20 точки за Украина, која беше нападната од Русија во 2022 година. Американската делегација ги вклучува специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот…

Повеќе

„Не, нема вистина“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата. Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС кои што шират паника и страв кај граѓаните. „И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување“, смета тој. Мицкоски…

Повеќе

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите.Пратеничката Панова посочи дека СДС, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.„Несфатливо како може СДС да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи,…

Повеќе

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела. – Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од нaјдинамичните региони. Летот на релацијата Скопје – Прага е резултат на визијата – Македонија да биде подостапна, отворена и конкурентна,…

Повеќе

Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар…

Повеќе