- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Прекрасна вест за дел од пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Општина Штип реши да додели по 6.000 денари еднократна финансиска помош на 100 пензионери со најниски примања. „Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на националниот сервис МРТ, остро предупреди дека најавите за прифаќање мигранти во замена за финансиски средства претставуваат директно предавство и продажба на националните интереси и безбедноста на државата. „Релевантни британски медиуми, Тајм, Телеграф, кажуваат дека македонската влада, официјално преговарала, со тие зборови, официјално преговарала да се преземат такви одбиени баратели на азил од Велика Британија. Значи, такво понижување нашите граѓани досега не доживеале. Тоа значи дека оваа влада дозволила и влегла во преговори официјални, да луѓе кои се одбиени од Велика Британија бидат примени кај нас. Тоа значи дека…
Од 21:00 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е нормализиран.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, најави формирање на нов тим кој ќе ја означи новата сила и новата енергија во работењето на СДСМ. Филипче посочи дека одлуките и изборот ќе се направат на утрешниот Централен одбор на партијата. Говорејќи за процесот на формирање на новиот тим, тој потенцираше дека е клучна рамнотежата меѓу искуството и младоста. „Тоа е тим којшто ќе означува нова сила, нова енергија, комбинација на сегашни, актуелни функционери, на искусни и на млади луѓе и други. Сигурно е дека местото ќе го задржи генералниот секретар Александар…
Петкратната добитничка на Греми наградата Мараја Кери ќе настапи на отворањето на Зимските олимписки игри на стадионот Сан Сиро во Милано на 6 февруари. Локалниот организациски комитет соопшти дека Кери е избрана поради нејзината способност да го долови емоционалниот развој на игрите, опишувајќи ја музиката како „универзален јазик“ што се совпаѓа со темата за хармонија на церемонијата. Нејзиниот настап беше дизајниран да ја одрази централната тема на „хармонијата“, комбинирајќи музика и спорт за да ги истакне вредностите како што се инклузија, почит и културна размена. Кери ја потврди веста на социјалните мрежи, кажувајќи им на фановите дека ќе се видат…
На 15.12.2025 во 01:50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(51) од с.Инџиково, скопско, пријави дека од домот се оддалечил неговиот син А.Т.(30). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се овозможува експропријација, односно национализација, на неискористени станбени имоти во украинските територии окупирани од руските сили. Според член 21 од законот, „станбените згради, становите и собите кои покажуваат знаци на напуштеност се признаваат како сопственост на Доњецката Народна Република или нејзините општини“. Самопрогласената Доњецка Народна Република беше формирана во 2014 година од паравоени групи поддржани од Русија на дел од територијата на украинската област Доњецк. Подоцна таа беше анектирана од Русија, потсетува ДПА. Исти или слични регулативи се применуваат и во другите украински области кои Русија ги анектираше и делумно ги окупира…
Новата чешка влада, коалиција од десничарски и крајно десничарски партии предводена од премиерот Андреј Бабиш, која досега испраќаше мешани сигнали за своите намери во врска со ЕУ и помошта за Украина, денес положи заклетва. Суверенистичкото движење АНО на милијардерот Бабиш победи на парламентарните избори во октомври во земјата членка на ЕУ и НАТО со околу 10,9 милиони жители. Тој се здружи со евроскептичната крајно десничарска СПД и десничарските Возачи, чија главна агенда е спротивставување на климатските политики на ЕУ, за да формира кабинет од 108 члена во парламентот со 200 места. 71-годишниот Бабиш, рангиран од „Форбс“ како седми најбогат Чех,…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со свечено осветлување на новогодишната елка и официјалното отворање на Божиќниот маркет вечерва го означи почетокот на празничната магија во Скопје. Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна! Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно. По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град. Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата…
Сè е измислено за мигрантите вели Мицкоски. Бидејќи информациите ги објавија британските медиуми според Мицкоски значи тие измислуваат, возвраќаат вечерва од СДСМ. Најрелевантните британски медиуми им текнало да измислуваат мигранти во Македонија? Тие му се виновни на Мицкоски само затоа што ја открија вистината. Граѓаните не се ниту глуви ниту слепи, слушаат и гледаат што се случува. Сè е јасно и потврдено. Сите нешто измислуваат ама Христијан Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата во која се кажува една суштинска работа: да нема мигранти за пари! Само Мицкоски и коалаборантот Максим Димитиевски од ЗНАМ не сакаат да потпишат. Сами си…
