- Муцунски-Варнс: Од големо значење е стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО
- Трамп: Потопете ги сите бродови во Ормускиот теснец
- Ескалација на Блискиот Исток: „Отворете оган“ – Трамп испрати директна наредба
- Голема опасност во Битола: Пронајдени над 1.000 неексплодирани бомби и гранати кај „Тумбе Кафе“
- Лекарите ќе евидентираат случаи на насилство и кога пациентите молчат – нови мерки на Министерството за здравство
- Уапсени измамници од Романија: Преку лажна продажба на производи, „олесниле“ 83-годишна скопјанка за пари и злато
- СДСМ: Партизација во МТВ – Мицкоски го поставил својот пријател Ристоски за директор на јавниот сервис
- Муцунски и Варнес: Фокус на економските односи и новите инвестиции – зајакнато стратешко партнерство по Стратешкиот дијалог
Author: Author 03
На 15.12.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, жителка на Скопје пријави дека на 12.12.2025 околу 12:00 часот пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета за Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“. „Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, додавајќи дека, според него, Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија уште на почетокот на војната. Тој оцени дека околностите во меѓувреме значително се промениле и дека Европската Унија повеќе нема ниту финансиски, ниту човечки ресурси за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина. „Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ…
Упатството за постапување по дојави на бомби е доработено во детали и е доставено до сите училишта, но Министерството за образование и наука (МОН) нема информација како се постапува во училиштата. – Постои несоодветна комуникација меѓу институциите односно меѓу врвните институции на државата со оние што се наоѓаат под неа. Како што министрите имаат обврска, така и градоначалниците и директорите на училиштата имаат обврска. Има препораки како наставникот треба да ги изведе учениците, на која одалеченост од училиштето и после проверката да си ги врати назад на настава. Во однос на превозот е одговорност на градоначалниците, рече Јаневска. Министерката за…
Кремљ денес јасно го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало на Украина можност да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“. Зеленски предлага божиќно примирје Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата за барем привремено запирање на руските напади, особено врз енергетската инфраструктура,…
На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, реагираат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ по објавениот извештај на ревизорите за дупките кои ги нашле во работењето на Државна лотарија. Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди се случуваа токму во времето на СДС и ДУИ. Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал. На…
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди. Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики, со посебен фокус на напредното оперативно и планско работење на ČEPS во услови на целосно интегриран европски енергетски пазар и строга регулаторна рамка. Во состав на делегацијата учествуваа и претставници на Македонскиот оператор на преносниот систем – МЕПСО, како клучен носител на стабилноста и развојот на…
Некои луѓе без двоумење ќе признаат кога нешто ги мачи, додека други ќе се насмевнат, ќе продолжат понатаму и никогаш нема да кажат дека не се чувствуваат добро. Нивната несреќа не е видлива на прв поглед – таа е скриена зад хумор, тишина, рационални објаснувања или прекумерна зафатеност. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се посклони кон потиснување на емоциите и криење на внатрешното незадоволство, дури и од оние што им се најблиски. Не затоа што не им е гајле, туку затоа што ги гледаат чувствата како слабост или товар што не сакаат да го споделат. Јарец Јарците се познати по…
Опозициски партии бараат соединување со СДСМ, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата 360 степени на МТВ. Филипче истакна дека разговори за обединување веќе се водат на повеќе нивоа: „Има разговори на повеќе нивоа. Прво, приклучување на помали партии кон нашата. Има одредени политички партии кои сакаат да се приклучат кон СДСМ, да се приклучат, да се соединат целосно. Понатаму, партиите кои ја напуштија коалицијата и сега практично се каат за своите одлуки. И морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори.“ посочи претседателот на СДСМ, Венко Филиче.
Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција. ,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска, се се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да…
