Author: Author 03

На 15.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во Транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово. М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Повеќе

Доналд Трамп помладиот (47), најстариот син на претседателот Доналд Трамп, се вери со својата девојка Бетина Андерсон. Веста ја објави самиот претседател во Белата куќа вчера, 15 декември, по што Трамп помладиот со задоволство потврди дека Андерсон прифатил. По објавата, Андерсон рече дека е голема привилегија да биде во Белата куќа и ја пофали првата дама Меланија Трамп за нејзините празнични украси. Таа ја нарече оваа недела „најневеројатната недела во мојот живот“, а Трамп помладиот ја нарече „љубовта на мојот живот“. Додаде дека се чувствува како „најсреќното девојче на светот“, што беше проследено со аплауз од публиката. Андерсон и Доналд…

Повеќе

„Како претставник на политички подмладок, Унијата на млади сили е директно вклучена во креирањето и носењето на сите политики“, истакна Бојан Никовски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма телевизија.Никовски се осврна на резултатите од досегашните политики на СДС, нагласувајќи дека тие се јасно видливи како кај младите, така и во целокупното општество, и дека истите ја довеле партијата до историски најнизок резултат.„Резултатите од политиките на СДС, и во однос на младите и во однос на целата држава, се видоа на овие избори. Видовме колкава поддршка добија тие таканаречени успешни политики, што резултираше со историски најнизок…

Повеќе

Hа ден 16.12.2025 година во 18:00 часот поради протестот на грчкитеземјоделците, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција додека за излез од Р.Грција работи само за ТМВ.

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Појава на магла и намалена видливост до 50 метри во околината на Дебар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Повеќе

Кремљ денеска го отфрли предлогот на Украина за примирје за време на Божиќ, нагласувајќи дека нема намера да ги прекине воените операции за време на празниците. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не прифаќа прекин на огнот што, според неа, би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната. Тој истакна дека Русија се залага за мир, но не и за краткорочни и, како што рече, неодржливи решенија. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи привремено запирање на нападите за време на празничниот период, со посебен акцент на ударите врз енергетската инфраструктура,…

Повеќе

На 15.12.2025 година во 22:20 часот во СВР Тетово, С.Р.(33) од с.Желино пријави дека на улица ,,113″ во Тетово, додека се движел со неговиот пријател, бил физички нападнат од четири лица. Според пријавеното, едниот од нив при нападот користел и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Н.Е. Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи. Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји. Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува…

Повеќе

Адвокатот Владимир Туфегџиќ со остра критика реагираше на оставката и јавното обраќање на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека тој си заминува од функцијата „тивко, празно, анемично и без поента“, исто како што, според него, и бил избран. Туфегџиќ наведува дека Коцевски во своето заминување се повикал на политички „линч“, иако, како што потенцира, бил избран зад затворени врати, без вистинска конкуренција, транспарентна и отворена постапка. Според него, доволно говори и фактот што новинарите на прес-конференцијата останале без инспирација за прашања. Адвокатот дополнително критикува дека во обид да се прикаже како доследен заштитник на законитоста, обвинителот самиот ги набројувал…

Повеќе

Почина осуденик во Казнено поправната установа-Затвор Штип. Во крими билтенот на СВР-Штип се наведува дека вчера во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот 40 годишниот В.М. од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Повеќе