Author: Author 03

УХМР издаде хидро аларм за 5 февруари 2026 година, со предупредување за потенцијална опасност од излевање на реките низ неколку региони во земјата. Според информациите од надлежните служби, поради очекуваните интензивни врнежи и топење на снегот во планинските региони, постои зголемен ризик од пораст на водостоите на реките и можни поплави во поречјата на реките. Граѓаните се советуваат да ги следат информациите од хидрометеоролошките служби, да го избегнуваат приближувањето до речните корита и да ги заштитат своите домови и имот каде што е можно излевање. Надлежните органи апелираат до локалните самоуправи и надлежните служби да бидат подготвени за евентуални интервентни…

Повеќе

Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани. Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата низ целиот северозападен дел на земјата се под вода. Официјалните податоци покажуваат дека количината на врнежи од дожд во Мароко е за 215 проценти поголема од минатата година и за 54 проценти над повеќегодишниот просек.

Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција. Епицентарот е на околу 100 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.7 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Повеќе

Фејсбук, една од највлијателните социјални мрежи во историјата на интернетот, денес одбележува 22 години од своето основање. Оваа социјална мрежа е основана на 4 февруари 2004 година на Универзитетот Харвард, а ја започна Марк Цукерберг заедно со колегите Едуард Саверин, Дастин Московиц, Ендру Меколум и Крис Хјуз, кои беа клучни во раната фаза на развој. Платформата првично се викаше TheFacebook и беше достапна исклучиво за студентите на Харвард, но наскоро се прошири и на други универзитети, а потоа и на пошироката јавност. Со текот на годините, Фејсбук прерасна од студентски проект во глобална платформа со милијарди корисници, значително менувајќи го…

Повеќе

Неколку земји ширум светот започнаа необичен групен предизвик со цел драстично намалување на зависноста од паметните телефони. Иницијативата наречена „Од февруари“ (OFF February) ги повикува корисниците целосно да ги избришат апликациите за социјални мрежи во текот на овој месец за да ја вратат контролата врз сопственото внимание. Како што пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF), овој потег доаѓа како одговор на растечкото незадоволство од т.н. хиперповрзаност, која сè почесто се поврзува со анксиозност, замор од алгоритми и неконтролирано губење време. Штетните ефекти од прекумерната употреба на екрани се највидливи кај најмладите, поради што Високиот здравствен совет на Белгија веќе излезе со…

Повеќе

Кипарските власти официјално потврдија дека телото кое беше пронајдено минатиот месец на плажа на југот на земјата му припаѓа на Владислав Баумгертнер, поранешниот извршен директор на рускиот гигант „Уралкали“. Идентификацијата на 53-годишниот бизнисмен е извршена преку ДНК анализа, додека истрагата за точните причини за неговата смрт сè уште е во тек. Според полициските извештаи од британската воена база, Баумгертнер исчезнал од својот дом во Лимасол на 7 јануари. Неговото тело беше пронајдено една недела подоцна на плажата Авдиму, локација која се наоѓа под јурисдикција на британските воени бази на островот. Семејството веќе е известено за трагичниот исход, но околностите под…

Повеќе

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, го прекина молкот откако во најновиот пакет објавени документи се појавија обвиненија поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн. По појавувањето на неговото име во судските списи кои ја брануваат светската јавност, основачот на „Мајкрософт“ повторно се соочи со низа прашања за природата на неговиот однос со контроверзниот финансиер. Во својата последна изјава, Гејтс се обиде да ги разјасни околностите на нивната соработка, нагласувајќи дека средбите со Епстајн биле мотивирани исклучиво од неговата желба за филантропија. Тој отворено призна дека било голема грешка што воопшто поминувал време со него, објаснувајќи…

Повеќе

Земјите членки на Европската унија постигнаа конечен договор за финансиски пакет вреден 90 милијарди евра, наменет за поддршка на Украина во текот на 2026 и 2027 година. Како што пренесува Јуроњуз, Брисел планира првата рата да ја исплати веќе на почетокот на април за да овозможи непрекинат прилив на странска помош за Киев. Договорот беше финализиран откако Кипар, како претседавач со Советот, презентираше нова верзија на предлогот која ги задоволи сите страни. Кипарскиот министер за финансии, Макис Керавнос, истакна дека оваа спогодба е доказ за решителноста на Унијата да застане зад украинскиот народ во услови на руска агресија. Според него,…

Повеќе

Имплементацијата на Европскиот систем за влез и излез (EES), наменет за регистрација на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, ќе се одвива според планираното. Европската комисија во изјава за Н1 официјално ги демантираше гласините дека воведувањето на овој систем се одложува за септември 2026 година. Крајниот рок останува април 2026 Од Брисел се децидни: не се најавени нови продолжувања на роковите. Сите земји-членки на Шенген зоната имаат јасна задача да го имплементираат системот на сите гранични премини во наредниот период. „Постепеното спроведување на ЕЕС ќе заврши на 9 април 2026 година. Сепак, регулативата веќе предвидува одредени флексибилности…

Повеќе

Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД. На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна…

Повеќе