- Започна проектот за обнова на Римските терми во Банско вреден над 1,3 милиони евра
- Од следната недела младите ќе можат да аплицираат за грантови од 10.000 евра за сопствен бизнис
- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
- Син тепал татко, ќерка-мајка: Осум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие, уапсени шест лица
- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
- Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
- Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
Author: Author 03
Министерството за одбрана во војна со сопствениот кадар. Државната ревизија во извештајот за 2024 година објави дека за една година Министерството исплатило 12 милиони евра само за исплата на извршни пресуди, главно од вработени кои не добивале додатоци согласно Закон. За една година отворени биле 1221 судска постапка против Одбрана, но од 12-те милиони евра над 4 милиони се исплатени за камати и извршители, адвокатски и судски трошоци, поради лошиот менаџмент и малата правна служба која често не може ниту да се појави на рочиштата. Додека се плаќаат милионски казни за старите вработени, Одбрана ангажирала и 57 договорци на дело,…
Двете згради во изградба само за Финкашите, за студентите од ФФК ќе се доградува актуелниот објект кој веќе го користат. Проценките на стручните лица завршија. Одлучено е дека двете недоградени згради во близина на кампусот на УКИМ се безбедни, но доволни само за студентите на ФИНКИ. За студентите на ФФК е потребен поголем простор и подобри услови, особено за поголеми спортски сали. Професорот Горан Марковски, кој го водеше тимот од експерти што ја правеше проценката за безбедоста на градбите, вели дека има присуство на високи нивоа на карбонизација како резултат на зголеменото ниво на влага. Сепак, ова не влијае на…
Патниот правец Битола–Ресен попладнево е под целосна блокада откако граѓани го затворија излезот од Битола кај т.н. „Ромска населба“. Протестот започна околу 16:30 часот, а состојбата на теренот е тензична – на коловозот се палат гуми и дрва, со што целосно е оневозможено движењето на возилата. Учесниците во блоката активно споделуваат снимки од хаосот на социјалните мрежи, додека возачите кои се затечени на патот се принудени да користат алтернативни пренасочувања низ околните селски патишта. Според првичните и неофицијални информации од локалните медиуми, револтот на граѓаните е поврзан со измените во Законот за сообраќај, поточно со новите правила за возачките дозволи.…
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, реагираат попладнево од Левица преку соопштение испратено до медиумите.Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази цврсто уверување дека земјите членки ќе ги обезбедат потребните 15,5 милијарди долари за набавка на американско оружје наменето за Украина. За време на посетата на Киев, Руте одговараше на прашања поврзани со програмата PURL, преку која се финансира виталната воена опрема за украинските сили. Иако е оптимист за крајниот исход, Руте упати остри критики за нерамномерната распределба на трошоците меѓу сојузниците. „Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, нагласи Руте. Сепак, тој беше дециден дека сегашната поделба на обврските е неодржлива, посочувајќи дека само две…
Британскиот регулатор за заштита на податоците отвори официјална истрага против компаниите X и xAI, сопственост на Илон Маск. Истрагата е поттикната од сомнежите дека вештачката интелигенција Grok генерирала сексуализирани „дипфејк“ (deepfake) содржини без согласност, при што биле злоупотребени ликови на жени и малолетници. Од британската Канцеларија на комесарот за информации велат дека постојат сериозни дилеми за начинот на кој се користат личните податоци за креирање интимни слики. Тие предупредуваат: „Губењето контрола врз личните податоци може да предизвика сериозна и непосредна штета, особено кога се вклучени деца.“ Овој случај е само дел од поширокиот притисок врз Маск. Регулаторот за онлајн безбедност…
Пејачот Здравко Чолиќ денеска изјави дека сите членови на неговото семејство се добро и се чека полициски извештај. Во изјава за телевизијата „Уна“ тој нагласи дека во моментот е надвор од Србија. -Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на…
Градоначалниците на Општина Чучер Сандево и Бутел, Зоран Бајовски и Дарко Костовски денеска формираа оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел. Опфатени, со проектот, ќе бидат местата Кучевишка Бара и Бел Камен. -Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција. Ова е првпат двете општини да пристапат заеднички…
Во 23:25ч. сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно енормализиран.
Познатата водителка Опра Винфри денес се смета за една од највлијателните жени во светот, но нејзиниот пат до врвот бил сè друго освен лесен. Таа е родена во сиромаштија, а нејзиното детство било обележано со насилство кое многумина би скршило засекогаш. Била силувана за првпат кога имала само девет години, а злоупотребата продолжила со години. Траумата што ја претрпела оставила длабоки последици. На 14 години, таа забременила, како резултат на силување. Во очај, се обидела да ја прекине бременоста пиејќи детергент, а зборовите на нејзиниот татко ѝ одекнувале во главата, изјавила водителката во едно од интервјуата. – Ми рече дека…
