Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија

    Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија

    04.02.2026 во 17:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија,  Мартин Памер.

    На средбата се разговараше за економската и трговска соработка меѓу двете земји и инвестициите, а посебен акцент се стави на реализацијата на инфраструктурни проекти.

    На средбата се разменија информации за проектот за реализација на брза пруга и нејзиното влијание врз регионалниот развој на државите долж Коридор 10, притоа вицепремиерот Николоски ја истакна заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.

    “Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и со амбасадорот се согласивме истата да продолжи во сите области од заемен интерес за двете држави. Имаме зачителен број на инвеститори од Австрија, имаме стабилна деловна клима и очекуваме трговската соработка дополнително да се зголемува.  Австрија е наш долгогодишен партнер и пријател и имаме цврста поддршка во реформските процеси” -истакна по средбата вицепремиерот Николоски.  

    Двајцата говорници се согласија на заедничките напори и меѓусебна поддршка како основа за подобрување на севкупните односи меѓу двете земји и подигнување на регионалната соработка.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.