Author: Author 03

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана. „Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин. Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена…

Повеќе

Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина. -Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми. Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“. -Сега сме принудени да го признаеме…

Повеќе

Земјите членки на Европската унија постигнаа начелен договор да ги задржат замрзнати руските средства во блокот на неопределено долг период – потег што се смета за важен напредок кон финализирање на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации на Украина. Формалното усвојување се очекува утре на состанокот на Комитетот на постојани претставници (Корепер), и тоа врз основа на член 122 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Овој член дозволува носење одлуки со квалификувано мнозинство во ситуации кога постои „економска итност“, наместо да се бара едногласност. Досега замрзнувањето се продолжуваше на секои шест месеци со консензус, но…

Повеќе

Општина Аеродром ќе го демонтира Божиќниот базар „Зимзоленд“, откако речиси две недели работи без никаква дозвола и без потребната документација. Ова за Телма го потврдија од општината, кои по вчерашните изјави дека се ненадлежни, денес признаа дека организаторите немале ниту еден валиден документ и дека ќе бидат преземени мерки за отстранување на поставената опрема. Според општината, вчера попладне бил спроведен вонреден заеднички инспекциски надзор на локацијата. Во контролата учествувале Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување.

Повеќе

Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски. -Изречени се повеќе од 20 казни. Како што најавив, така и постапуваме. Ги отстрануваме сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани, го попречуваат движењето и го нарушуваат јавниот ред. Скопје мора да биде град во кој владеат правила, а не самоволието. Вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж…

Повеќе

Високиот совет на обвинители на Албанија, попладнево со мнозинство гласови го избра Клодиан Брахо за нов шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Од вкупно 11 членови, колку што брои советот, за Брахо гласале седум, тројца за Аднан Џоли и еден за Елвин Ѓокај, додека обвинителката Долореза Мусабелиу, не добила ниту еден глас. По презентирањето на нивните платформи, во траење од по 45 минути, советот премина на јавно гласање. На седницата присуствувале повеќе странски дипломати, меѓу нив и на САД и делегацијата на ЕУ во Тирана. Брахо доаѓа на местото на Алтин Думани, кому тригодишниот мандат му…

Повеќе

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Џ.К.(62) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 25.11.2025 пред угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани.

Повеќе

Водечкиот принцип во Европската Унија е дека ние Европејците одлучуваме за тоа кој доаѓа во Европа, кој ги преминува нашите граници и под кои околности, а не шверцерите и трговците со луѓе, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти во Брисел, на која учествува и македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. – Пред две години, ветивме дека ќе изградиме Глобална алијанса за борба против шверцот со мигранти. Тоа е духот што нè доведе денес овде, рече Фон дер Лајен. Според неа, како…

Повеќе

Годината што претстои носи тектонски астролошки промени. Со влегувањето на Јупитер во огнениот Лав и цврсто позиционираниот Плутон во Водолија, енергијата се префрла од пасивно набљудување во активно дејствување. Ако припаѓате на еден од овие знаци, подгответе се – снимањето на вашиот личен филм е пред почеток. Астрологијата за 2026 година не е суптилна. Планетите се усогласуваат за да ја поддржат индивидуалноста, храброста и јавното говорење. Додека другите се зафатени со анализа на минатото, главните ликови од 2026 година ја градат иднината. Вие повеќе не барате дозвола да бидете свои; вие ги поставувате правилата на играта. Ѕвездите ви испраќаат јасен…

Повеќе

Семејството на легендарниот американски актер Брус Вилис (70) објави дека планира да го донира неговиот мозок за научни цели по неговата смрт. Веста одекна во светските медиуми, со оглед на тоа што доаѓа директно од членовите на семејството, а целта е да се придонесе за подобро разбирање на болеста од која страда познатиот актер. Брус Вилис се повлече од глумата во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија – нарушување кое влијае на способноста за зборување и разбирање на јазикот. Последователните, подетални анализи утврдија дека станува збор за фронтотемпорална деменција, прогресивно невродегенеративно нарушување кое ги зафаќа фронталните и темпоралните лобуси…

Повеќе