Close Menu
Press24
    Најново

    Вистински хаос на 10.000 метри: Рада Манојловиќ преживеала шок во авион

    18.02.2026 во 10:47

    Лавина „голтна“ 16 скијачи, десетмина сè уште се водат како исчезнати под снегот – Трагедија го потресе светот

    18.02.2026 во 10:39

    Први чекори за директна авиолинија од Саудиска Арабија – Подобра економска соработка, туризам и трговска размена

    18.02.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вистински хаос на 10.000 метри: Рада Манојловиќ преживеала шок во авион
    • Лавина „голтна“ 16 скијачи, десетмина сè уште се водат како исчезнати под снегот – Трагедија го потресе светот
    • Први чекори за директна авиолинија од Саудиска Арабија – Подобра економска соработка, туризам и трговска размена
    • Европа треба да се подготви за најлошото сценарио
    • Само во Македонија: Жена бесправно направила пат па си ставила и рампа
    • Трипуновски ги демантира лагите на опозицијата: Нема кратење на субвенциите, парите за земјоделците се сигурни
    • Паднати дрвја, оштетени автомобили – ЦУК информира за состојбата во Македонија
    • Насилен затвореник избегал од затвор по втор пат за само една недела: Полицијата издаде итно предупредување
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос

    Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос

    30.01.2026 во 19:15Updated:30.01.2026 во 19:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Глобалната ноќна економија учествува со околу 3 % од светскиот БДП и вработува едно од десет лица, покажува новиот извештај на Night Time Foundation, претставен во Давос.

    Резимето на Глобалниот извештај за ноќната економија 2026 година е објавено на македонски јазик од платформата Терапија.мк, која го пренесува овој значаен документ до домашната јавност, отворајќи простор за поширока дебата за улогата на културата, урбаниот живот и економијата по зајдисонце.

    Според клучните наоди, околу 3 % од глобалниот бруто-домашен производ е директно поврзан со ноќната економија, со проценето годишно влијание од 3 до 4 трилиони долари. Дополнително, едно од десет лица во светот работи во овој сектор, без во оваа бројка да се вклучат секундарните и индиректните работни места кои зависат од него. Овие податоци јасно укажуваат дека ноќната економија не е маргинален културен феномен, туку суштински дел од современите економии.

    Извештајот, изработен од Night Time Foundation, беше меѓународно лансиран на World Economic Forum и претставува прв обид за систематско и сеопфатно мапирање на ноќната економија на глобално ниво. Документот, познат како NTER (Night Time Economy Report), обединува над 300 релевантни студии од различни земји и сектори, создавајќи основа за политики, урбано планирање и културен развој.

    Во извештајот се нагласува дека ноќната економија опфаќа широк спектар активности – од музика, клубска и фестивалска култура, до угостителство, транспорт, туризам, безбедност и креативни индустрии. Истовремено, се посочува дека градовите кои стратешки инвестираат во овој сегмент бележат поголема социјална кохезија, културна динамика и економска отпорност.

    Како платформа која со години го следи и поддржува развојот на клубската култура, независната сцена и урбаната креативност, Терапија.мк оценува дека овие податоци се исклучително релевантни и за македонскиот контекст. Поддршката на културата што се развива „одоздола нагоре“, како и препознавањето на заедницата како двигател на урбаниот идентитет, се клучни за одржлив развој на градовите, вклучително и во Македонија.

    Извештајот отвора прашања за тоа како институциите, локалните власти и културните актери можат подобро да ја разберат и интегрираат ноќната економија во јавните политики, не само како економски ресурс, туку и како простор за културна размена, социјална инклузија и современ урбан живот.

    Целиот извештај може да се погледне на следниот линк.

    Популарно

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:21

    ЕВН најави исклучувања – Без струја улици во три скопски општини

    18.02.2026 во 08:18

    МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    18.02.2026 во 09:16

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.