Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Отворен младински Хаб во Град Скопје.

    ФОТО: Отворен младински Хаб во Град Скопје.

    30.01.2026 во 19:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје, младите добија свој простор.

    „Со особена чест и искрено задоволство, денес заедно со постојаниот претставник на УНДП во Македонија, г. Армен Григоријан, го отвораме Младинскиот хаб на Град Скопје – современ, отворен и инклузивен простор создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал. Ова е стратешка инвестиција во иднината на нашиот град.

    Хабот е целосно опремен со средства обезбедени од УНДП и претставува силна порака дека младите се во фокусот на развојните политики на Град Скопје.

    ? Управувањето со Младинскиот хаб им е доверено на млади и стручни кадри со релевантно искуство во младинската работа, образованието, културата и иновациите, кои ќе обезбедат динамична, транспарентна и одржлива програма, во служба на младинските потреби и амбиции.

    ✔️ Овој простор е замислен да биде живо јадро на младинската енергија, место каде младите самостојно ќе иницираат и реализираат свои настани и проекти, а студентите и младите професионалци ќе учат, работат и напредуваат преку работилници, обуки и менторски процеси.

    Посебен акцент се става на соработката со невладиниот сектор, како и на партнерствата со институциите и приватниот сектор, со цел вмрежување, размена на знаења и создавање нови можности за личен и професионален развој.

    ?Овде, младите ќе имаат простор да создаваат, да учат, да се поврзуваат и активно да учествуваат во градењето на заедницата.

    ? Со оваа иницијатива, Град Скопје јасно ја потврдува својата заложба за системска поддршка на младите и за создавање силна, иновативна и активна младинска заедница, двигател на иднината на нашето Скопје.

    ? Локација: Дом на култура “Кочо Рацин” – Скопје“, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на ФБ.

    Прочитај повеќе

    73 лица го користат бесплатниот „Сервис за стари лица“ во Центар

    07.07.2026 во 09:50

    Нови лулашки, обновени клупи, побезбеден простор: Реновирани две детски игралишта во Карпош

    07.07.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.