Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕП гласа за извештајот за напредокот на Македонија – Вајц бара забрзување на интеграцијата на Западен Балкан

    ЕП гласа за извештајот за напредокот на Македонија – Вајц бара забрзување на интеграцијата на Западен Балкан

    17.06.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, подготвен од известувачот за земјата, европратеникот Томас Вајц.

    Покрај извештајот за Северна Македонија, европратениците ќе се изјаснат и за документите кои се однесуваат на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите за земјите од Западен Балкан вчера ги претставија своите извештаи пред пленарната седница, а во дебатата учествуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

    Известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, оцени дека регионот на Западен Балкан и понатаму е изложен на влијание од надворешни фактори и потсети на конфликтите од 1990-тите години. Тој истакна дека, според него, постојат две земји во регионот кои успеале да избегнат масовно насилство – Црна Гора и Северна Македонија – кои, како што рече, имаат потенцијал да бидат меѓу водечките во процесот на пристапување кон ЕУ.

    Вајц нагласи дека, иако има критики за темпото на реформите, Европската Унија исто така треба да ги признае сопствените пропуштени ветувања кон регионот. Тој додаде дека земјите од Западен Балкан покажуваат политичка волја за спроведување на реформите и дека таа мотивација треба да се одржи преку постепена интеграција, вклучително и пристап до делови од единствениот европски пазар, роаминг-поврзување и приклучување кон Единствената европска платежна зона.

    Според него, пристапувањето на земјите од Западен Балкан носи значајна безбедносна и економска вредност за Европската Унија, а по Црна Гора и Албанија, Северна Македонија би можела да биде меѓу следните земји што ќе напредуваат во процесот.

    Вајц истакна и дека прашањата поврзани со идентитетот често го оптоваруваат регионот, нагласувајќи дека Европската Унија не бара усогласување на историските учебници, ниту оспорување на националните идентитети како услов за членство. Тој порача дека меѓусебното почитување меѓу соседите е основа за добрососедски односи и европска интеграција.

    Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека е неопходно забрзување на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, како и на Украина и Молдавија, предупредувајќи на зголемени хибридни закани во регионот.

    Таа нагласи дека процесот на проширување останува заснован на заслуги и дека нема кратенки, но дека Европската комисија работи на постепена интеграција во различни области. Кос додаде дека ЕК има мандат да преговара за укинување на трошоците за роаминг за земјите од Западен Балкан и изрази надеж дека тоа ќе се реализира во блиска иднина.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.