Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра

    Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра

    27.01.2026 во 22:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба следните 3 години да врати претходни долгови во вредности од еден државен буџет од околу 6 милијарди евра.Премиерот Мицкоски потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 милијарди и 300 милиони евра, стари задолжувања, претходни долгови, а покрај тоа поради катастрофалното работење на минатата влада стигаат и други неочекувани долгови како што е данокот на луксуз кој минатата влада го донесе противуставно и истиот Уставен го поништи и сега оваа влада треба да го враќа

    .„Следната година треба да вратиме околу 1 милијарда и 600 милиони евра со се каматите кои треба да се платат за претходни задолжувања, годината потоа 2 милијарди и 600 милиони евра. Во следниве три години ние треба да вратиме отприлика еден буџет. Немаме бафер повеќе во буџетот ние. Јамката тие кои што и ја врзаа на Македонија и на македонските граѓани, најмалку имаат право сега денес да го прават повторно ова да ги тормозат кога конечно се консолидираме и си ги сервисираме обврските, а од друга страна генерираме раст. Ова е реалноста“, рече премиерот Мицкоски.
    Премиерот Мицкоски нагласи дека и во ред е тоа што опозицијата излегува и критикува, но треба да се знае реалноста дека седум години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата и го дава максимумот за македонските граѓани.
     „Македонија и македонската економија имаат најниски давачки во Европа. Имавме притисок да го зголемиме ДДВ од страна на меѓународни финансиски институции, не го направивме тоа, имавме притисок да ги зголемиме и другите даноци како што е данок на добивка да биде скалест, да не биде рамен, не го направивме тоа, од трета страна имавме притисок и да ја зголемиме возраста за пензионирање, не го направивме тоа. Ние како влада направивме се да го поддржиме бизнисот за да отвори нови работни места и тоа се случува. Кога ќе ги споредите ноември 2024 година и ноември 2025 година ќе видиме дека имате отворени нови 10 илјади работни места и токму толку има помалку невработени во државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски посочи дека владината политика вроди со резултати и имаме економски раст и се очекува годината да ја завршиме со 3,5% раст, појаснувајќи дека 3,5%, 3,8% евентуално 4% е максимумот со овој капацитет на работна сила и македонската економија, затоа што во услови на војна во Украина и европскиот пазар е во криза, се вади повеќе од максимум.
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.