- Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје
- Многу топло низ Македонија – УХМР со метео предупредување за попладне
- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
Author: Author 03
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази силен оптимизам во однос на тековните дипломатски напори за прекинување на војната во Украина. Пред новинарите, непосредно пред да ја напушти Белата куќа за неговата посета на Ајова, Трамп кусо прокоментира дека преговарачкиот процес бележи напредок. Се случуваат многу добри работи во разговорите за ставање крај на руската инвазија на Украина, изјави Трамп, давајќи позитивна оценка за досегашниот тек на дијалогот. Иако претседателот не откри дополнителни детали за содржината на разговорите или за евентуалните договори, неговата изјава доаѓа веднаш по значајната средба во Обединетите Арапски Емирати. Имено, минатиот викенд во Абу Даби се одржаа…
Изразуваме целосна поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите. Барањата на ССМ се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд. Поминаа речиси две години власт на ДПМНЕ и исто толкав период на игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме „четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП”. Ги повикуваме ДПМЕН, ЗНАМ и ВРЕДИ да се разбудат од илузијата. Мицкоски мора…
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата. Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори. Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место. Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9…
Сред ноќ, на Бит Пазар, уапсена млада скопјанка. Според МВР на 27.01.2026 во 01:45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 28-годишната З.К. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на рекордно ниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Според истражувањето, стапката на одобрување на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше 41 процент. Падот на поддршката главно се должи на незадоволството од имиграциската политика на администрацијата на Трамп. Анкетата покажува дека 39 проценти од испитаниците ја одобруваат таа политика, додека 53 проценти не ја одобруваат. Претходно овој месец, односот беше 41…
Патнички воз со 291 патник беше погоден од руски напад со дрон во регионот Харков во Украина. Две лица се повредени, објави украинскиот вицепремиер Олексиј Кулеба. Во својата објава на Телеграм, тој го нарече нападот „директен чин на руски терор“. „Русија погоди патнички воз во регионот Харков што се движеше на линијата Барвинкове-Лавов-Чоп. Според прелиминарните информации, непријателот нападнал со три дронови Шахед“, се вели во неговата објава. Дроновите погодија точно пред локомотивата и еден од патничките вагони, кои се запалија. Патниците беа веднаш евакуирани. Според прелиминарните информации, двајца патници се повредени и хоспитализирани. Сите служби за итни случаи, вклучувајќи медицински…
Македонски државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства е уапсен во Тирана. -Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово – соопшти албанската полиција. Проверките покажале дека по Шерифи била распишана меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело „Убиство“, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор. Според надлежните органи, Шерифи се сомничи дека на 5 октомври 2007 година, во селото Копаница во…
На 26.01.2026, од страна на полициски службеници од СВР Битола во ходник од службени простории на Казнено – поправната установа Затвор Битола била пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и прашкаста материја и дигитална вага. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти СВР Битола.
„На 27.01.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје
Како што се приближува Денот на вљубените според хороскопот еден астролошки настан веројатно ќе влијае на љубовниот живот на четири хороскопски знаци. Според предвидувањата на астролозите, тие ќе доживеат романтични чувства под Полната Месечина во Лав во февруари која пристигнува на 1 февруари, а нејзиното влијание ќе се чувствува во текот на целата недела, пишува „Сенса“. Полната Месечина во февруари ветува дека ќе биде интензивна, особено на емоционално ниво – позната по својата поврзаност со срцето, желбата и изразувањето на чувствата. Полната Месечина во Лав делува како катализатор, ова е време водено од срцето кое буди храброст и желба. Емоциите…
