- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада. Николоски искажа поддршка за протестот на превозниците. -Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април натака. Ова е едно предупредување, сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите-членки на Шенген зоната да изнајдат решенија, рече тој. Вицепремиерот посочи дека во…
Во просториите на Министерството за европски прашања, Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу. Во фокусот на разговорите беше процесот на евроинтеграциите, дипломатските односи меѓу двете држави, како и реформската агенда која се реализира со предвидената динамика. Министерот Сали лично му упати честитки на амбасадорот Фотиу за претседавањето со Европската унија од страна на Република Кипар, нагласувајќи ја важноста на оваа улога за унапредување на европските политики и зајакнување на регионалната соработка. Тој изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Кипар во процесот на европска интеграција…
Од денеска напладне, македонските гранични премини се под блокада на транспортерите кои протестираат против новиот систем за влез и излез на Европската Унија. Според информациите од АМСМ, сообраќајот за тешки товарни возила на излез од државата е во прекин на речиси сите клучни точки. Точно во 12 часот започнаа блокадите на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија, а набрзо потоа, во 12:20 часот, сообраќајот беше запрен и на Ќафасан и Блато. Протести се одвиваат и на Деве Баир, Делчево и Ново Село. Кај граничниот премин Долно Блаце, поради собирот на превозниците, товарниот сообраќај се пренасочува уште кај бензинската пумпа…
Во касарната Ѓорче Петров официјално започна втората обука во рамките на Регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи 2026 година, како дел од проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“. Директорот и Бирото за јавна безбдност Александар Јанев денеска заедно со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, ја отвори обуката, која претставува уште еден чекор во континуираната надградба на полициските капацитети. Јанев смета дека добро обучените кучиња се верни партнери во откривање траги и обезбедување клучни докази. Обуката не е само…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка…
На 25.01.2026 во 12:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.Б.(49) од Кичево, на улица „Влашки пат“ физички нападнала малолетник. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на Република Северна Македонија, од страна на директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити. Со овој Меморандум се продлабочува институционалната соработка и се воспоставува цврста рамка за координирано, навремено и ефикасно дејствување во превенција, подготвеност и справување со кризни и вонредни состојби. Документот предвидува заедничко планирање, размена на информации и ресурси, организирање обуки и теренски вежби, како и развој на компатибилни системи за побрз и поефективен одговор при кризи. Посебен акцент се става на зајакнување на оперативните…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција истакна дека ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните. -Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс. На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, беше утврдена динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар. Во прилог објавата на…
Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири, изјави денеска во Собрание претседателот на СДСМ, Венко Филишче. 2Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како повикува на политички одлуки…
